послужавник м.

послужавник (м.)

— Ами, поседете си бегу, оти толку рано ќе си ојте? — запна и Бојана да го задржува, ама Колобан и чкрапна со окото и таа ја зеде празната чаша на послужавникот и му ја подаде белата рака на бегот, на која светкаше на ламбата бела, сребрена гривна со три жолти черечиња подресена.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ајша писна изгорена од врелиот шербет и го испушти послужавникот со златните канчиња на него, та го дигна ибрикот со половината шербет во него.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Жената поблиску му го турка послужавникот. - Земи си добро, домашно е...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Ушчоме, не сме јабанџии, милозливо вели жената и му подава слатко од дуњи во црвеникаво ребресто поте на долгунаест порцелански послужавник, оивичен со тенка сребреникава метална плетенка.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Го остави послужавникот на столчето блиску до вратата и дојде до масата прво да се поздрави со гостите.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- Па што да правиме сега? - праша Коте. Сега Проедросот, со рацете на масата, ги погледна братучедите и сакаше малку да земе здив пред да ги праша што ќе ги праша, но толку тогаш крцна трказот на вратата, влезе жена со послужавник в раце.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Двете ангелчиња на бел послужавник донесуваат бела облека и насмеани маска и му ги навлекуваат на св. Јован, додека Хорот пее.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Еве го љубезниот Арапин – во менталниот послужавник ми носи шолја жежок, темен, густ чај.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Таа падна врз послужавникот и силно тропна.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Се заврте и полека, со рацете в џебови тргна накај полицата со послужавници.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Таа вечер семејството вечераше во дневната соба - Дејв јадеше на каучот, Сузан на послужавник во нишалката од трска, а Ренди на подот пред телевизорот.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Келнерите со послужавници забрзано шетаат на сите страни.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Зеде еден послужавник и ѝ го подаде да го избрише.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Ме однесе до нејзиниот „свет”, така таа го нарекува сребрениот послужавник врз кој има наредено безброј мали и необични предмети што ги има донесено од разни страни на светот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Самоуверениот и згоден менаџер на проектот го заврши своето излагање, спомнувајќи ги глобалното село и неизбежниот процес на демократизација, следеше вообичаеното ракоплескање, потоа се појавија келнерите со послужавниците и слично.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Господи, срамно е тоа и да се помисли но мојата Катерина како да посакуваше одвреме-навреме да види како јас ѝ подавам некои големи незаменливи права на златен послужавник.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Чаршискиот кафеџија, со бела но не премногу чиста престилка, со фес на глава, на послужавник со висока рачка донесе кафиња за некои Турци, изнервирани од сложноста на каурите, кои веднаш се повлекоа зад некој џамлак.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тој ја вдишуваше прељубата и таа му беше понудена да ја јаде на послужавник.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Го стави послужавникот на комодата, туркајќи ги предметите настрана за да ослободи простор за послужавникот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Помислата дека тоа сигурно е Рози, која му го подготвува појадокот, му зададе болка; наскоро таа може да се качи горе за да му каже дека појадокот му е подготвен, а можеби и ќе му го донесе на послужавник горе.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Повеќе