постојка ж.

постојка (ж.)

Половината од „Халите“ се веќе урнати и се преселени во други слични многу помодерни постојки.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
„Чекај малку“, ми рече човекот со многу брчки на лице, што се појави од некаде и ме зграпчи за рака баш кога се токмев да слезам кај постојката Бит Пазар.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Таквите веднаш ги ставав на мојот список како потенцијална опасност за мојата безбедност. (Ова ви го кажувам зашто еднаш ми се случи токму таму, на последната постојка да ме потапка некој по рамо, се разбира да ме изненади и сосема да ме распамети.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
„И темнината е еколошки проблем, нели тато?“ запраша Влатко додека се движеа од автобуската постојка кон зградата.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Со автобусот број 3 во осум часот заминаа до крајната постојка, кај основното училиште „Кочо Рацин“, оттаму влево по стрмната улица кон рекреативната патека - кон Средно Водно.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Но дури и во случаевите кога ќе втасам предвреме на таа проклета автобуска постојка, седиштата на долниот кат се пополнети а стоењето долу е забрането.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А потоа и онаа помисла: ако навистина сметам дека доброволно дозволувам да ме води животот, од каде тогаш чувството дека доцнам иако втасувам речиси на време на автобуската постојка?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И, наеднаш сфатив дека сеќавањето најпрвин ми подзапре на оваа постојка.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се измушнува од нивните постојки на патот на освојувањето.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Месецот беше само попатна постојка На експлозијата на мигот).
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Многу е рано наутро да се бакнуваат по автобуските постојки, ама под железничка има двојки кои се разделуваат пред пат, или се сретнуваат по одмори, па денов ми продолжи во слики на љубовни изливи и страсни прегратки, и, судејќи по тоа на колку вљубени им бев „позадина“, утрово има љубов во градов наш.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Дали да формирам цена според понуда или според потрошувачка на една матка, која и така е спуштена (како „абарт“) и може ама баш секој момент да испадне и да се користи како перниче, додека чекаш автобус на постојка.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)