поткара (св.)
Пред излегување, како и секој пат, малку се поткараа зошто мајка ми бавно се подготвува, а татко ми многу брзо, па облечен ја чека кај лифтот и се нервира.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Хорацио знае да ме поткара: - Миличок, кога стануваш, кажи ѝ на столицата довидување. Ливчето со телефонскиот број го загубив.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)