поткован (прид.)
Набожни, озлобени, додворливо наведнати пред власта, иако многумина од нив луто ја мразеа нејасно и потајно барајќи нешто што не ќе е вака - жандармско, даночно, грабливо, нешто што ќе е без тешки потковани чевли под чии клинци тие се виткаа со бавност на црви.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Биеја поткованите петици на погонувачите. Сега сум сам.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Скржаво крцна стара врата, зад неа замреа поткованите чекори.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Труп сошиен со гнили конци и околу него кружат потковани скорни и проблеснуваат бајонети.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
- Види го она малендавото, испиеното, како удира со поткованите цокули, - му се обрати Пандо на Нумо: - Оп, за малку што не падна.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Удира патерицата по калдрмата. Тропа едностојно и поткованата цокула.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Тропаат поткованите цокули на Коста, шушкаат скинатите опинци на Кузе.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Висок, тенок, ѕифт црн, со бело чело, со позлатени узди и седло и пресно поткован.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
После се оддалечија војниците, вели, тап, тап, слушам, им тропкаат поткованите кондури.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Биеја поткованите петици на прогонувачите. Сега сум сам.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Ги чувствуваше ударите со пендреци по лактовите и со потковани чизми по потколениците; се гледаше себеси како се прпелка по подот, како вреска за милост низ искршените заби.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Собата се исполни со крупни луѓе во црни униформи, со потковани чизми на нозете и со пендреци во рацете.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Стрико ми Ото многу знаеше: немаше област за која не беше добро поткован: социологија, литература, музика, архитектура, за сѐ: и навистина: знаеше сѐ и сешто.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Возачот, помагајќи си со батериска светилка, удираше со поткованата цокула по гумите.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
По патот – нерамница, покриен со искривени и испреплетени корење длабоко вжилени во сувата и правлива земја - две чекорења - едното тивко, нежно, ситно, битисано, тапливо, старечки несигурно и одвај чујно, со затрусан чекор го тера својот од Другото - со десната нога разлабавено, колебливо, нерамно, развлечено, а со левата - достојно, рамно и тешко, обележано од големиот поткован војнички чевел.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)