потребен (прид.)
62. Други нѐ разделија и создадоа од нас и Бугарите различен живот, разни потребности, нерамна положба. Други и не ни даваат да се соединиме.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Ако тие потребности на поданиците не се зачуваат и ако Турција продолжува да биде неискрена во прилагањето на реформите, тогаш од тоа ќе: настрада најмногу пак таа: 1/ таа ќе биде принудена со сила да воведе некои реформи, 2/ ако и потоа населението не биде оградено во национално-религиозен и економски однос, тогаш тоа ќе го искористат непријателите на Турција да направат брканица во Македонија за да ловат риба во матна вода.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Него особено го револтира што таква потребна програма не успеа да прокламира ни една толку силна и така широко поставена револуционерна организација во Македонија, како што беше ТМОРО, туку најважните прашања си дозволи да ги остави да се решаваат „подоцна”.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Нека ги има и такви! И тие се потребни!
„Духот на слободата“
од Војдан Чернодрински
(1909)
СЛОБОДАТА: Не си ли ти оној кој ги убеди и најсиромашните да си ги продадат кошулите од грбот за да купат оружје потребно за големата пресметка. МАНОИЛ: Да!
„Духот на слободата“
од Војдан Чернодрински
(1909)
Во извештајот на австро-унгарскиот конзул во Сао Паоло (Бразилија) се вели „Изградбата на бразилските железници се врши во поголем дел со помошта на француски, белгиски, британски и германски капитали; тие земји си обезбедуваат при финансиските операции што се во врска со изградбата на железниците лиферација на потребен железнички материјал“.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Од една страна, концентрацијата доведе до тоа да мораат за претпријатијата а се трошат огромни суми капитал; затоа новите претпријатија стојат пред сѐ поголеми барања во смисла на големината на потребниот капитал, и со тоа се отежнува нивното појавување.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Сметаме за потребно точно да приведеме што вели по тоа прашање Јајделс, автор кој најдобро од сите го изучил тоа прашање:
„Како резултат од разгледувањето на индустриските врски во нивната сеопфатност, го добиваме универзалниот карактер на финансиските институции што работат за индустријата.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Стоката нека си остане на неа. А, ба, ба... мене не ми е потребна да ми ја препишува.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Во тоа време ангелот го навртува човеков да препомине под пенџерињава и како што чул плачење, застанал да чуе што станува и ако е потребно да помогне.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Требаше да помине некое време за да разберам дека за него туѓиот живот не е поголем од она што му е потребно.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Секако на Мариовците ниту им текнуваше да ги нумерираат, ниту пак им беа потребни броеви, бидејќи сите в село лично се познаваа, та немаше нужда да се бараат по броеви.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Таа си напреде предена што ѝ беа потребни за идниот „нов човек", нешто даде на откуп да ѝ се испреде, каде за сирење, каде за сланина, и така, уште божиќни пости си ги иска пелените.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Сега, кога имал со себе само двајца комити, Јонета и Гелета, кавалот му било уште попотребен.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Таму не има се потребни моите соништа.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
А за да им помогнат на старите во терањето на стоката, тие беа повеле со нив и по некое дете од осум до десет години, оти пак за младите беше опасно да слегуваат в град да не ги собере некој од поблиските бегови за работа во својот чифлиг, бидејќи полските работи беа во полн ек, та на беговите им беше потребна работна рака, и тие ја наоѓаа со својата сила кај рајата – христијаните – која не беше уште сопственост на некој од нивните колеги, како што беше овде случајот со слободните Мариовци.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
УШТЕ ИСТАТА ноќ по спалувањето на поп Јакова и Трајка кадијата нареди да се спреми потребен број сејмени што ќе ги затера бунтовниците во Цариград.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Штом го фрлиш зимскиот капут, не ти е потребен ни мантил.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
На стражарот сега не помислува. За тоа не е потребно да мисли веќе.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Од прозорецот до брегот долу, како што мисли Едип, е потребна ортома сто лакти долга. Уговорено е со луѓето што ќе се прави.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)