потресе (св.)
Тогива ќе да затрубат от небо седм труби ангелскии, и от тие труби ќе да се потресат небо и земља многу страшно, и ќе да падне слнце и месец и ѕвезди, а небо ќе да се свие како перде, и сите води и море ќе да се изсушат, а земља ќе да се запали да гори со силниј огин.
„Избор“
од Јоаким Крчовски
(1814)
Европејците се потресоа и се ужасија од тие известија и зафатија да им го укажуваат нужното влијание на своите влади за да се пресече колењето на мирното население и да му се помогне на несреќното македонско жителство.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Но сега и за нас Македонците настапија нови околности што ќе нѐ потресат и ќе ни кажат нови патишта по коишто ќе треба да одиме во иднина.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Јас кога размислив подлабоко, дека вујко ти е причина за смртта на татка ми, длабоко се потресов и се покајав што така непремислено ти предложив.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Сѐ што се одигра за тоа кратко време некако до срце ме потресе.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
И наместо таа – Мигар – да повлијае на Анѓа и да ја наговорува да се потурчи, Анѓа нејзе и откри една вистина од која оваа се потресе.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Потоа... Чекор во воздухот и... страшен крик ја потресе Преспа...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
ЛУКОВ: Веројатно, додека го пишувал... мислел дека со ова парче хартија ќе го потресе светот и ќе го присили да му одговори на прашањето: „Како е можно човек што сиот живот го следел својот идеал, да стигне до тоа да стане убиец на тој ист идеал?“
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Откри нешто што го потресе. Алија плачеше искинато и безгласно.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Душата на сите ни се потресе и возбуди.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
- Неговото плачење ме потресува! - Не можам да гледам плачење. Многу сум жалостива! - рече Јанка.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Тажниот настан вистински ги потресе сите во дедо Димовата колиба, но секако најтешко му беше на Бојан.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Овој настан уште повеќе го потресе учителот.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Тој настан го потресе селото и никој повеќе не отиде на Кучешката касарна.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Во целото тоа време земјата пак силно се потресуваше под нозете.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Одеднаш просто се потресов и од самата помисла.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Тоа толку ме потресе, што не можев да ја прашам ни каде, ни зошто. Тргнав со неа без збор.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Уште две љубовни истории ја потресоа Потковицата, и двете носат печат на времињата на завојувачите и тие такви, морничави, печати отиснаа во душите на жителите на Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Потреси се, тука сум да ти бидам кадија. И соземи се.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
- И слепо и чкулаво подава рака по змиско јаболко, се лутел Симон Наконтик како осамен светец на семожни гревови позамрсени и од волчи црева, всушност повеќе исплашен отколку величествен набожник зашто го потресол крик на див петел од лесковата шума на селото, предупредување на смртта што брза кон такви каков што бил тој, за кого женското милување претскажувало почеток на пропаѓањето на светот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)