потрошувач (м.)

Заводливите предлози потрошувачите ги поздравуваат; но еднаш кога ќе ги прифатите станувате зависни од експертите и пазарот.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
На тој начин Avia гаѓаше една помала, точно дефинирана целна група потрошувачи, и со тоа себеси се позиционира инаку од конкуренцијата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
А 160 милиони потрошувачи со 20 милијарди вишок платен биланс, за нас западните Европјани го претставува тој посакуван двигател на растот.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Големите заработувачки на пазарот за индивидуалните потрошувачи нѐ обземаат.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Тоа значи дека мораат да се фокусираат на точно одредена група потрошувачи (или потенцијални потрошувачи) од која очекуваат најголем продажен ефект.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Од нивна гледна точка економијата се состои од многу фирми (или потрошувачи) кои постојано прават претпоставки за околината со која се соочуваат и стратегиите на нивните противници.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Нека никој не се осмелува да ми каже дека дури и за миг на потрошувачот му паѓа на памет фактот дека тој со отпадот што го плаќа и расфрла ја загадува околината и си го загрозува здравјето.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Фармерките со зипер и ги снема од пазарот зошто производителот на потрошувачите им ја исцрпуваат потребата за 505-ките.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Полнодневното царство на потрошувачите, каде што и најнеснаодливите имаат добра шанса да си најдат полица по желба.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Еден теоретичар дури ги споредува со луѓето кои стојат пред влезот на некој си супер маркет и усно или преку подадени флаери ги известува потрошувачите кон кои продукти треба да го насочат своето внимание.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Наместо тоа, таа мобилизација создава полиња на практика и чувствување што ги исцртуваат можностите за контакт или сооднос помеѓу културните форми и нивните публики, нивните потрошувачи и нивната јавност, а кои се пренесуваат од една на друга генерација.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)