почека св.

почека (св.)

Ви се молим да ме не убиете бирден, ами да ме почекате, докад да си учиним душата моја теслим Богу.“
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Почекај уште малце, дури да му ги симнат сите влакна до едно од облеката. А јас ќе одам пред вас. (Тргнува.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Водата им досегна под коленици. – Да се вратиме на чун – плахо прошепоте Мече. – Почекај ...
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
И Мече не почека да биде двапати повикан. – Ела со мене, бргу! – со шепот му рече Беличот.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Почекај уште некој ден па ќе си одиме.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
- Еј, почекај, го чув зад себе нејасниот извик на служителот. - Врати се веднаш. Те вика класниот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Почекај. Ќе ти го истријам глуждот со мелем. За еден ден ќе помине.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Жетвата брзо ќе сврши, ама за вршење ќе почекаат дури да дојдат спаиите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Јас го чека печес години, нека почека он печес минути.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Бошко знаеше дека луѓето навистина немаат и неколку пати го помоли Лумана за почекување.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Луман пак, неколку пати прости и повеќе пати рече дека ќе почека, но кога виде дека Бошко зачестува со такви молби, еден ден го пресече: - Не чекам јас . . .
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Немаа и одеа да го молат Бошка: - Аман, Бошко, ќе му платиме, само да сака да нѐ почека...
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
На Мишко му беше жал. Почека уште малку и кога виде дека врапчето не се враќа си седна до печката.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Тргаше од својата цигара - гледаше откосо и лукаво во несреќната, избезумена мајка ѝ, ненадејно и за неа, ѝ се роди и ја обзеде, во тој момент, некакво чудно задоволство да почека со својот план и да се насладува колку што може подолго на чувството дека ѝ се во рацете мирот и спокојството на оваа богата, чорбаџиска куќа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Нека не те мачи совеста ако почека малку сопственикот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Одекна во долгиот празен трем. Почека. Напрегна слух.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Јас би го однесол писмово кај Иванов, тој би ме помолил да почекам одговор, таму би ме ликвидирале и ти би останал сосем настрана од сево ова и онаа работа со која јас те држам в раце не би имала такво дејство, како кога би загинал од твоја рака?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Почека малку додека не дојде до него Претседателот и тие сега се ракуваа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се исплашил да не задоцни и да не го испушти својот миг, помисли, затоа нашол дека ќе му биде позгодно да си почека тука.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Треба човек да ја познава работата, а кога немавме ниеден друг прирака, освен Дука, и кога тој не можеше да дојде, тогаш поседи неколку дена, две-три недели, мислам, почекај ако разјужи, ако дојде водана, поработи, извади некоја штица, а после бегај.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Повеќе