починка ж.

починка (ж.)

Поручекта, кога бригадирците се растурија по бараките на починок, Мече неочекувано ја забележа меѓу црниците светлокосата глава на својот другар.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Не, не треба починка, не треба смирување, сето поле пукнало од здравина, па крвта е моја светло разденување од таа разгаленост, од таа убавина.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Дур возот без починка рони во времето на ритамот монотон вечерва ти си задремала. Не спи, не заспивај, уморена. Колку е тежок тој мир на твоите образи живи кога патуваат шумно сите предмети мртви. Со бакнежот на погледот мој што чука на твоите клепки заклопени ти ги отворам очите сонливи.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
II Ќе дојде тоа сончево клопче пролетта како што иде да свие сончесто гнездо во лисјето на нашите грижи а ние двајцата ќе сме два кротки два питоми рида во тој пејсаж од смев наполно наполно зближени Понекогаш ќе си тажна и уморно надвесена над таа лулка од страв зората додека заруди Ќе зрачи тиха светлина твојата приспивна песна барајќи крепка починка во моите очи будни Таа грижа по ноќите ќе ме грее и дење па колку беден ќе сакам мајко да ти речам оти може понекогаш помалку ќе си жена заради тој поток од сон што меѓу нас ќе тече.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Во овој темен круг со хоризонтот затворен во густиот грб на боровите мансарда сум на една починка Од ноктите ќе исцицам трошка храброст да ја поделам есенва.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
На дваесеттиот километар мораа да направат кратка починка, бидејќи луѓето беа прегладнети уште во затворот, та требаше да им се даде барем по парче леб колку-толку да се закрепат за да можат да го издржат долгиот пат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Слабинава боцкаво ме сечеше и бараше починка и длабоко воздвнување.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Јадеше со чувство дека мора брзо да јаде, без починка, без застанување, зашто миговите во кои беше собрана таа сладост можеа да се испуштат и задоволството од убавиот ручек да пропадне.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Чувствуваше сладок замор, чувствуваше потреба од вистинска, здрава починка.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Белиот облак на земјата се спушти како рој бели пеперуги на починка.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Во сонот што те води по меки врвици по остри гребени во кои те чекаат час плавни починки час модри висини.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
И така, додека прашките граѓани неделите ги минуваат во починка, дотогаш гостите, кои овде ги има од сите краишта на светот, се на нозе и талкаат по прашките реткости, за да видат што повеќе од нив, да ги запомнат и да понесат што повеќе убави впечатоци.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
А навечер нозете ги болат и за починка молат.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Ќе направеше мала починка и ќе нѐ праша дали слушаме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Луѓето нерешително се преместувале од нога на нога и не сфаќале што е сега, не ли е рано за починка?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Неколку пати нѐ пушти на починка, но ни забрани да излеземе од манастирската авлија надвор.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Откога ручавме молкома, татко ми се повлече во својата соба на вообичаената починка.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Требаше да се довлечкам во хотелот на мала починка пред предвидената реална претстава во скадарскиот театар.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тетин ти Боге прикажуваше, не знам колку му држи тоа, оти нему многу работи не му држат, дека се случувало и долу, на фронтот на Црна, во времето на големата војна, трубите во исто време и кај двете војски да засвират починка па војниците од двата табора да го фрлат оружјето и облеката по грмушките и по рововите, едните од едната другите од другата страна на реката, и да се затрчаат кон водата, како во најголемите јуриши, кој прв ќе ја освои .
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Имале загубено сѐ, не верувале во ништо, а по тешката работа на пругата, снагата однатре барала починка, сакала да се отпушти.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Повеќе