појасен (прид.)
За да биде појасна ползата од таквото одделување наше од другите народи доста е еден критички поглед врз работењето на тукашниве студентски друштва: бугарското и српското.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Клава борина и повеќе отколку што треба, куќата ласна и сѐ појасно и појасно го осветлуваше Илка.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Надвор плискаше дожд и ги миеше камењата а нивната чистота сѐ појасно се покажуваше во бербатната вода, собрана во шеталиштето.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
И мелодијата појасно и посилно трепереше во мрачнината и го копкаше тажното чувство во него, разбудуваше и растопуваше некоја болка.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Глигор веќе сѐ појасно гледаше во сенчестата влага на очите од Арсо.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Заедно со искрите на сино заблескотените снежинки, што го боцкаа неговиот поглед во таа пеколна зачекореност, низ лилавата изгаснатост на неговиот поглед, исто онака воздушесто и нереално, ќе се зашаркаше сега и по некоја едвај видлива издолжена црна сенка, која ќе се појавеше некаде на самиот крај од опфатот на неговиот поглед, ќе прошмугаше таму еден миг, а после ќе се повлечеше, недофатливо ни за некаков појасен поглед, ни за слухот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Го гледаше како доаѓа сѐ поблиску, можеше да го гледа појасно од секогаш тоа ветерничаво суштество, во секој миг спремно да ја впие својата остра муцка во првата мрша, што ќе му се сретне на патот и да остане така, вкопан, како пијавица, како крлеж, ако сакаш скини му сѐ друго од неговото тело, ако сакаш преполови го, истури му ја сета негова утроба, само ако си му ја оставил цела онаа негова шилеста муцка.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Колку повеќе остануваше на прозорецот, тој можеше сѐ појасно да го открива тоа, а во длабокото претпладне тоа веќе сосема се одреди и се изјасни пред неговиот поглед.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Некаде повисоко над нас ечат ѕвончиња. Нивниот ѕвонеж е сѐ појасен, поблизок.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Штурците таа ноќ се слушаа уште појасно и погласно.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Колку ноќта навлегуваше, толку топовите појасно се слушаа, а околу полноќ јасно се распознаваа и пушките.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Криевте од мене, но јас, иако бев малечка, сфаќав дека нешто се случува: чудно ми беше сето она што го правевте; но како што растев, сѐ појасно ми стануваше тоа; не можеше да ми избледи и да ми исчезне она што ѝ го правеше на мајка ми: ја тераше да носи појас на мевот; ја тераше одвреме-навреме тој појас да го зголемува, да му приклава дипли со памук и крпи, да го заоблува мевот што поприродно да изгледа; ја предупредуваше да се пази од луѓето и од нас децата, но кутрата мајка не можеше да се допази, да се дочува: кога тоа го забележав една вечер, не ме фаќаше повеќе сон; се преправав дека спијам, а гледав како таа скришум го вадеше појасот и на месечевата светлина дошиваше уште дипли.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Чист, измиен мермерот се белееше на сонцето, а сликата на мајка ми уште појасно испакнуваше на него.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Тоа ми стана уште појасно еден ден, кога забележав, по неколку месеци, дека Марина ќе добие братче или сестриче од новата мајка.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Собата молчеше со мене. Но, сетив, во мојот здив одекнува нејзиниот, отпрвин нечујно, а потоа се појасно.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Се колнам, болскотеше пролетното сонце, на снегот уште појасно, уште посилно.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
3. И пак доколку беше таа, Рубина Фаин уште еднаш излезе пред моите очи, излезе од ништо речиси од некаква линија на мрак и полумрак, слична на нејасен кораб што расне од точка и се доближува низ темни гами додека зад него, зад неговата сѐ појасна силуета, останува повидокот без привлечност и без моќ да предизвика генуфлексилност за осаменикот на крајбрежјето.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Исто ко лилјаците е овој Цветан: колку е потемница, толку му е појасен патот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Тргнав да се качувам на бината, народот веќе ракоплеска, а од зад мене иде некој глас, сѐ појасно го слушам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Гласот ми се зголемува, сѐ појасен ми станува.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)