правосуден (прид.)
Доколку имаат намера сериозно да се позанимаваат со проблемот на наркоманијата, Соединетите Држави треба да ја надминат расправата за легализација која во прилична мера тапка во место, и да формулираат една уверлива, политички реална борба против наркоманијата, во која правосудниот систем би бил подобро насочен, иако неговата улога би била намалена. 75
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Новините кои ги содржи новиот закон, vis-à-vis стариот, се следниве: 5 1) воведување драстични промени кај стварната и месната надлежност за постапувањето по барањето за извршување (порано беше „предлог за извршување“) кај т.н. reintegratio: по однос на извршна исправа, според која работодавецот е должен да го врати работникот на работа или, пак, одново да му ги довери работите односно работните задачи што тој ги вршел порано – наместо државен правосуден орган т.е. судот на чие подрачје се наоѓа седиштето на правното 1. Сл. весник на РМ, 35/05.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
А, ако вредноста на предметот на спорот надминува 1.000.000 денари, полномошник на правно лице може да биде лице кое е дипломиран правник со положен правосуден испит и кое е во работен однос со правното лице (чл. 82, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ако ова дело го стори правно лице, ќе се казни со парична казна (чл. 170, КЗ). 8. Заради остварување на функцијата на кривично гонење, јавниот обвинител раководи со предистражната постапка и ја има на располагање правосудната полиција.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
6. Правосудните анализи на Министерството за правда покажуваат дека во РМ, со оглед на бројот на жители, ако се земе предвид европскиот просек, не треба да има повеќе од 400 судии – додека, пак, кај нас, бројот на судии во моментов е над 630.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)