празничен (прид.)
Пазува мои денес разгрнвам, - мојот е поглед ко солнце врел радоста моја ко сокол ќе летне на овој светол празничен ден!
„Мое село“
од Ванчо Николески
(1950)
Навистина, идат Евреи и во овој град како по сите градишта, но не во тој нивни празничен ден во кој што не работат, ами ја прибираат вересијата од своите многубројни муштерии.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Во некој празничен ден луѓето, и постари и помлади, ќе се соберат некаде во некоја куќа или на сретсело и, како обично, ќе заприкажуваат, ќе им тргне разговорот и во еден момент кога заборавиле на сѐ што ги делело и на сите караници поради браздата, волот или нивата, ќе станат мили еден на друг и ќе почнат да се сеќаваат.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Сандолини, нивеи, многубојни сонцобрани, преферанс, нудистички манифести - јуни, јули, август, и повеќе од тоа - слободно купување во дипломатско-министерски магацини, пропусници за почесни празнични трибини, невидена покуќнина од затворските работилници.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Во бавчата владее свечена празнична тишина, украсена и од декемвриското сонце кое изобилно плиска светлина.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Празничниот ден почна со неколку густи и брзи јата сини гулаби.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Насекаде светлини, миризби, игри. Топол и празничен кејот се преливаше, се усмеваше.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Само два месеца во прегратките на љубениот човек минаа како две празнични утра, како чуден сон, кој никогаш не се заборава.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
И старата круша го облекла својот зелен, празничен фустан.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Празничното расположение не го беше напуштило ни кога се разбуди.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Се качи горе во плевната, наполни едно кошниче со јаболка, за да има секогаш при рака, па се прибра во колибата, која сега, по темелното чистење и средување, имаше празничен изглед.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Чудно, по радосниот, празничен ден, јужниот ветер, влагата што ја носеше тој, постојаното бучење на шумата, вселија во душата на момчето немир, нестрпливост, раздразливост.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Дрвјата напупија, а некои веќе и се променија со бели, розови и сини празнични алишта за да го пречекаат ергенот мај што поубаво.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И луѓето тие денови забораваат на гробиштата, истрчуваат пред селото и го пречекуваат Лоте со музика, со свирки, шиштат свирачите околу него со свирките што им ги купи за да свират весели песни, а не тажни и погребни; им лепи Лоте на челото пари, шетаат шишињата со пијалок од уста на уста, ги шири Лоте рацете како птица кога лета, одѕвиваат песните, до небо се креваат; излегуваат луѓето по прозорците и балконите, го поздравуваат Лотета, му мавтаат со раце, истрчуваат и му се придружуваат, се множи распеаната врволица и селото добива весел и празничен изглед.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Дури и лицата ни беа празнични.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Расцутен двор, камбани што корнат еден дрвен крст И го фрлаат меѓу ѕвездите, Празничен чаршаф, свеќа што догорува И твојот празен стол покрај трпезата.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Убаво е да се чекори по посланиот снег во празнична безделница.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Беше празничен ден кога се најдов кај палатата „Шајо“.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Требаше само да го видите пред некој празничен ден, на пример, пред први мај.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
И во нив, во вивките, за таа цел наметнати со стари шинели, украдени од сите војски што поминале низ Потковицата, во празнични денови, преку целата година, стрелаа возрасните.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)