празнува (несв.)
Развевај, ветре, в небото горе, развевај знамиња бескрај, празнувај празник, Родино моја, народен празник - Први мај!
„Мое село“
од Ванчо Николески
(1950)
Развевај, ветре, в небото горе, развевај знамиња бескрај, празнувај празник, Родино мила, на трудот празник - Први мај!
„Мое село“
од Ванчо Николески
(1950)
Најбогатиот во овој ќор-сокак го празнуваше свршувањето на својата ќерка.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Целата земја, целата бела кристална палата на Долината, сите пречисти голини на далечните сртови, исто онака, како и најситните прачки во околните дрвја, празнуваа: беше роден Денот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Празнуваше од тоа, беше среќен, што таа вистина, која сега веќе беше и негова, има и такви апостоли, како што беше неговиот Брат.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Ги има и постари, ги има и млади, одат од група до група, од човек до човек, се поздравуваат зборуваат на некој изменет македонски јазик, употребуваат и некои непознати зборови, штракаат со своите фотоапарати, други ловат со филмски камери сѐ што се случува, за да кажуваат таму, преку големите води како се живее и како се празнува во нивниот стар крај.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Годинава црквата ја празнува 700-годишнината на најпознатиот хор во Германија, составен од членови на возраст од 8 до 18 години.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Чупите одбија да одат и да ја чистат Латинската Црква, заедно со браќата и сестрите се противставија да се празнуваат Божиќ и Велигден, не даваа да се вапцаат јајца, одбиваа да се венчаваат в црква, со поп, туку одеа во Тополчани во општината и таму матичарот ги регистрираше.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Во нивниот бит, во нивните меѓусебни општења, во верската традиција и празнувањата, многу нешто се задржало од паганските славјански времиња.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Козлето го допира горскиот рај. Сета планина празнува со неа.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
- Ќе мора да попричекаат. - А што празнуваш денес? - го прашувам.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Ама, нели, и не е морално да се знае празникот за да го празнуваш? - си одговори Кадри на прашањето што самиот си го беше поставил.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- И јас не сум на чисто со празнувањата.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
• 2007: не е предвидено куќните помошници да бидат опфатени со Законот за безбедност и здравје при работа; • 2007: се укина еден ден од празнувањето на Денот на трудот и сега празникот се празнува само на 1 мај (Закон за празници на Република Македонија);
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Сакајте ја верата ХРИСТИЈАНСКА ние сме чеда Христосови... младоста си ја предаде за силна љубов кон верата верата ни Христијанска за да се слави и празнува празникот Св. Петка, празник Христијански со црвени букви запишан 27.10 во срцата завезан
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)