прваче (ср.)
Во книжарницата набргу некој влезе и се слушна важен женски глас: „Моето девојче е прваче. Ве молам, дајте ми една тетратка со широки и тесни линии и еден молив број два.“
„Градинче“
од Бистрица Миркуловска
(1962)
Ме разгледа мајката и бидејќи немав никаква мама, ме даде на продавачот, а пак тој стави врз мене едно моливче број два, нѐ завитка и така нѐ подаде на мајката чиешто девојче станало прваче.
„Градинче“
од Бистрица Миркуловска
(1962)
Во други денови во мене се побудуваше љубопитство да разберам каква учителка е и како се однесува кон децата, но не можев многу да разберам од првачињата, тие беа сосема малечки.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
На таа прва приредба ние -првачињата - учествувавме со едно рециталче за буквите: триесет и една буква, триесет и едно прваче бевме присутни на сцената и како декор, како венец од најубави цветови.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
„Се присетив“, пак се смее „кога беше прваче.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Копавме дупки за Парк - шумата на првачињата, а кога завршивме тие имаа пауза па отидовме да видиме - до Вардариште отидовме.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
„Не, тоа е паркот на првачињата. Вардариште си има сопствена симболика - борба за ревитализација на деградираното земјиште!“ ***
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
„Јас, јас - јас сум прваче!“ фати збор Мими.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Топлите денови помогнаа полесно да се навикнат првачињата на одвоеноста од родителите.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
По него, ама за чекор, скоро рамно со него, одеше Геро како асистент - снимател, со камерата на рамо, небаре со прваче на кркач, а на папокот му ѕвечкаше синџирчето со клучето и ножето, како срмен пискул за џебен саат со капаче.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
На денот, со ранецот на рамо, со спортски патики и впиен тексас на своето тело, Рада за последен пат како прваче ја слушаше по којзнае кој пат лекцијата од Светлана.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Да ми тропнат, леле, на порта, по дворје и одаи да ми се растрчаат, да ми се распеат во бавча китна, во лозје зрело и ливада зелена, Господе златен, семоќен, та тапан да удри и зурли да писнат за свадби, за првачиња и мераците да потечат ко река, леле... Кога ќе ми се вратат, леле, кога?
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)