првоборец (м.)
На овие првоборци, режимот им овозможи според некој автоматизам – световен закоп и почесно место.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Слушајте го и ова: - Во непосредна близина на спомен-костурницата на борците загинати во Народноослободителната борба - да се потсетиме дека Куманово е град на првоборец и херој, во него и во Прилеп пукнале првите пушки - е создадена голема депонија: ѓубре, градежен отпад, стари автомобили, делови од стара покуќнина, и апарати за домаќинство - сето тоа расфрлано на десетина хектари површина.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Постојани партнери во покерот и понатаму беа муслиманскиот поглавар Афз Идриз и првоборецот Самир Мустафа.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Партијата му укажа исклучителна доверба на својот докажан првоборец не заборавајќи ги и неговите стручни квалитети.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
- И што мислиш, дали еден првоборец може да се престори обичен убиец, или така нешто, или тоа е забрането?
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- Ти беше првоборец, зарем не? - почнав, а уште не бев седнат. - Бев. И уште сум. - Знам - реков.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Се чинеше сосема отсутен и за разговорот помеѓу тројцата првоборци: Мајката, Чауле и Овчарот кои се послужуваа стоејќи,покрај џамлакот.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
На малското радио (тогаш беше само едно) ќе настапеше некој првоборец кој што евоцираше спомени од НОБ и Социјалистичката револуција.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Веројатно алудира на нејасниот крај на двајцата првоборци, помислив, но коментарот го задржав за себе си иако сфатив дека ме беше поканила да играме само за да ми го каже она што изгледа не смееше пред Раде.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)