пре (преф.)

За локалните тука беше неуништивиот козар Чанга, пре­ка­лен во многу битки за спасување на козите во и по војната.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Социјабилноста во Хундертвасеровите проекти е препознатлива не само во инсистирањето за повторно воспоставување на „троединство“, акционистички тип на станоизградба, оставањето на волја на станарите да ја (пре)уредуваат својата околина, еко-димензиите во неговите проекти, туку и во тоа, со максимално зголемување и функционализација на јавните површини во зградата, да се предизвикаат социјални контакти помеѓу станарите.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Во таков случај детското одбивање на храна парадоксално треба да биде сфатено како начин на којшто субјектот се пре­сметува со сопствената желба во поглед на мајчин­ската љубов.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
А преостанатите ги пре­обра­ќаа во атеистички музеи, во музеи на материјализмот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Братот лекар сакаше да ме пре­ду­преди, но со сестра ми излезе во друга соба.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тоа нема да биде вистински егзил, пре­фрлање на другиот брег за да се продолжи подоцна кон Америка, кон Австралија, кон Азија, каде што заминаа многумина, засекогаш.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
А таа ги беше наслушнала, беше ги пре­познала неговите чекори од далеку.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ако заштитното друштво не ги исполнува пре- двидените услови за поседување на тој статус во период до 90 дена, пропишано е дека нема да го загуби овој статус, но, при тоа не смее повеќе од три пати во последователни две години да го наруши минималниот процент на инвалидни лица или да падне под минималниот број на вкупно вработени работници на неопределено време.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)