превозен (прид.)
Тоа му го забрза одењето и тој стигна навреме, според тогашните превозни средства.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
И затоа сиот Париз, оној работен Париз, го користи метрото како најбрзо и релативно најевтино превозно средство.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Овде се претставени сите превозни средства, од трамвај и автомобил, па до најмодерните реактивни авиони, во нивниот историски развој.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Меѓутоа, пристигањето и оддалечувањето од Келн не преставуваше тешкотија, зашто брзите превозни средства, честите возови, секогаш навреме нѐ доведуваа во Келн...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
А што сѐ превиде тоа ковчеџе откако пред многу години го купи и му стана составен дел од неговиот живот; се фрлаше во разни превозни средства завиткано во вреќа за да не се гледа, да се заштити или да се носи полесно кога одеше пеш или кога му го даваше некому да го носи; не ретко му служеше да ги потпира на него плеќите или главата на разните железнички или автобуски станици чекајќи воз или автобус за некаде; да седи на него како на столче на палубите од бродовите во долгите деноноќни пловења; да го товари на коњи, магариња и камили по патиштата каде што само тие можеа да одат, да се изложува на ризик, да си го става на коцка животот поради неговата привлечност и будење љубопитност кај разните луѓе што го придружуваа или со кои доаѓаше во допир; да го продава кога ќе немаше пари и пак да не го продаде за да не се одвои од него; да му ги менува или крши катинарчињата кога ќе ги изгубеше клучињата, да го чисти и дотерува кога ќе се наводенеше од дожд и снег, да му го повраќа сјајот, убавината; да им го остава понекогаш на газдите како залог додека дојде до пари за да им ја плати станарината; тој му беше единствен сведок, придружник и другар во патувањата носејќи налепници од разни места и хотели.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
САЈНА- превозно средство што заменува кола во планинските села.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Тие прават разни скаламуции со броевите на кредитните карти, телефонските пораки и автоматските информациони машини. Св. Витус вели дека компјутерите целосно управуваат не само со болниците, банките, воздушниот сообраќај и со системот за итни повици туку и со превозните системи, семафорите и водоводните и електрични услуги - буквално секој систем што вклучува голем број на луѓе и богатства.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Тогаш не му беше сосема јасно зошто сака да се качи на првото превозно средство и да замине.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Тоа е превозно средство на голем број локални фраери и кицоши; статусен симбол, второ Јас, домашен љубимец...
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
За уписот, покрај условите предвидени со прописите за упис во трговскиот регистар, потребно е правното лице да има најмалку десет лица кои имаат лиценца за работа, дозвола за работа од МВР, како и две деловни простории и две превозни средства во сопственост 291 на правното лице (чл. 5, ст.1-2 од ЗОЛИ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Две жени, една постара и една помлада, убаво облечени, беа целите престрашени, вознемирени, со од земја раскашавени ракавици, фустани и паднати смачкани шапки, од кои помладата викаше од силни болки, а постарата забрзано зборуваше со повишен тон бришејќи ја земјата од ракавите, жалејќи се за невниманието на шоферот на тие нови превозни средства, кои се можеби брзи, ама и многу опасни и затоа сосема непотребни.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
- Мислеше на патот од Велес до Куманово кој двапати неделно му беше превозно средство.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)