преграден (прид.)
Водата во изворчето беше преградена со голем бел делкан камен.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Дека местото каменливо, нивјето како кутии беа преградени со високи ѕидови, а исто така и патот од двете страни беше ограден. Нигде немаше ни жива душа.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Го чу ударот на затворање на преградната врата од тремот и почувствува дека жена му го гледа додека тој ја набљудува ноќта.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Па така се појавија и првите преградни ѕидови од летви и црна катранска хартија или од ребрести долги ролни картон.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Отспротива е регалот, преграден дел - половина за облека откај неговата страна, а половина откај сестра му.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Низ тенкиот преграден ѕид Влатко чувствува дека и родителите се будни.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Самата просторија ако имаше триесетина до четириесет квадрати со тоа што левиот дел беше преграден за кујнски простор од кој се слушаше ропотеа.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Во летните месеци, кога имаше помалку читатели, во магазинот беше попријатно одошто во горните простории и Грдан имаше време да прелистува книги во преградениот агол со стол и маса, што магазинерите си го викаа гулабарник за да не биде кокошарник.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
6. Преградените простории во бараките, некогаш што биле спални, сега беа претворени во ателјеа; со тоа што дрвените легла на катови беа извадени, а на нивно место се отвори простор за долгата тезга со алат, за грнчарско колце на ножен погон и за купот глина во аголот.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)