презими (св.)
Прибирајќи ги есено време коњите, Вите видел убави орници со богата паша, па една есен си направил нешто меќанец — колипка — во полите на овие високи планини, презимувал, а пролетта си ги дотерал и овците и говетцата.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ве молиме да припазите и на нашиот стан. В пролет пак се враќаме. Ви пожелуваме среќно презимување“.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Ги собра во една торба најпотребните работи, одрона некоја солза на вратата од убавиот, туѓ стан, во кој така убаво презими, и со злоба во срцето излета од гнездото и побегна в поле за да не се врати никогаш веќе.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
При силните мразеви, при студените ветришта снегот ги чува посевите, ги топли и тие безбедно презимуваат.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Да види дали таму, запретан под сувите лисја, презимил неговиот пријател и сосед, со кого не се имаше видено од октомври.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
А дедо Стамен, кој презимил многу зими, и снежни и суви, кој жнеел многу жетви и добри и лоши, одговори: - Снегот ги штити житата од мразевите.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
11. Кога виде Толе дека селата се наполнија со аскер, а и времето заклучи, народот војската го задржа во селата, јасно му стана дека не ќе може да презимува по меќанот — по колиби трла — како што правеше минатите години.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ако лете палтата ги гризаат молци летото да се прозими ли мора...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Потоа цело лето сме се дружеле со нивните песни по ливадите и шумичките, за да ги испратиме наесен со тага и грижа, дали ќе презимат, дали пак ќе ни се вратат!?
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
3. Со татко ми две работи можат да се случат: или бргу ќе оздрави или ќе ја презими зимата в постела: сѐ што приготвува најубаво јадење мајка ми, нему му носи: пилешко месо, недоварени јајца, сутлијаш, пита, мед.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Прерано ја прозре пролетта. Презимуваше во премногу глави, ги гасеше утрата во преполн пепелник. Ги распоруваше моделите, ноќите, годините...
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Многу е важно за презимување растенијата убаво да ги измиеме.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
„Есенската нега на растенијата значи да се подготват за презимување.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
„Мамо сарделите и бегониите убаво ти презимиле, веќе имаат пупки“, гледаше мама Злата пред влезот во куќата.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)