прекаса (св.)
Ќе седнеме да прекаснеме чорба од киселица, а цело време гледаме во сработеното. 40
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Сите се распердушени, со искршени крилја и клунови, со дупнати мевови, со прекасани вратови.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Како не си го прекасав јазикот, кога уста отворив. Како не си го прегризав.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Арслан бег мислеше на најпрвата убавица во Потковицата, на Руса Јанческа и на христијаните им се прекасаа здивовите.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Манол Форевски си ја прекасува устата, а можеби и душата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
А ти се вика, ти се рика, што се вели, ама си го прекасуваш и гласот, не го пушташ.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И устата ѝ стоеше згрчена и со прекасан јазик.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Но малата жена не можеше да одговори, таа си ја прекаса долната усна и почна тихо да цимолка.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)