прелета св.

прелета (св.)

И за вистина, Силјане, клетвата од старецот, што ги колна прадедови ни, ни се исполни и до неколку години сите деца од лошата сипаница изумреа и останале сите како црни кукавици без челад; да му е милост на Бога, зер нејќел да нѐ сотре сите, ами и дошол на старата од стариот на сон за да им каже на дедови ни да појдат кај изворите и во едниот извор да се искапат, та ќе се сторат штркови, и да прелетаат бело море и црно, та да појдат во вашата земја и тамо челад да родат и да ги изгледаат, та пак овде да си дојдат и да се искапат во другиот извор, та да се сторат пак луѓе.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Утре, дај Боже здравје, одење в град и назад нема да се вратам од овие тешки лакрдии што ми ги рече стариот, да знам оти за вистина клетвата негова ќе ме фати; пиле да се сторам, бело море и црно да прелетам, ама уште еднаш при татка не дојдувам.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Ко што се бура надига, чајките кога прелетат, така се млади надигат за свое свето огниште.
„Робии“ од Венко Марковски (1942)
Наоколу лежеше тишина; во тишината се слушаше како шумно удираат притките по застојаната вода, од време на време прелетуваше со гладен крик понекоја птица риболовка или штрк.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
- Има итри и умни пилиња. Ластовичките, кога бегаат наесен преку море, не можејќи да ја прелетаат водата, се качуваат на кораби.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Крсташ орел се зададе откаде Пуловец и прелета над Трибор за да падне некаде по Раец, Раково или Дунското.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кога ќе се разбранам и толку развилнеам та да се кренам, да стигнам насекаде, да давам секому сѐ што ветувам и како далга неукротена од брег на брег моќно да прелетувам?
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Мали се ластовичките, слаби се. А морето помеѓу нас и Арапите ни се догледува, ни се прелетува.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Преку мене прелета фрлената ламба и се распрсна крцкаво, страшно, како да се смееја коски од некоја гробница.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Сенка на нов облак дим прелета преку дворот - тоа воз помина...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И уште: над нивните глави прелетуваа лилјаци. Во грлата на малите животинки прскаа жици, се дробеше ситно стакло.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Мочуриштето беше зад кулисите на животот, брате Јоване, а предвечер, со прелетувањето на пајките, отекував од комарци и се враќав во заедничката барака без огорченост.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
- Кажи ми, синиот плик - од кого беше писмото?... По нејзините бледи усни прелета усмевка.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- „Да го видам и да умрам...“ - му прелета низ умот и тој се исправи.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Јадрата сенка на прислужникот прелетуваше по ѕидовите. Бргу светлоста на денот го разгонуваше мракот во аглите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Би можел до бесконечност да ги прелетува со погледот тие неомеѓени сини простори и ниеднаш да не му биде доста.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Околу неа ограда со високи железни шипки што ни пиле не ќе може лесно да ги прелета.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Во тој момент во воздухот забрмче една зелена мува и прелета покрај Врапчо.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
4. Веќе е замаглено. Над нас прелетува птица Што фрла сенка налик на Македонија.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Лошина: една птица што прелетуваше над улицата да се претвори во тежок камен да падне и да го скрши излогот на блиската слаткарница.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Повеќе