премил (прид.)
- Ама не сфаќај ме лошо, војводо! И ти и Бојан, и планинава и твојот добиток, и кучињата, мили сте ми, премили, но ова не е мој свет.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Премила, златна светице, ти ја знаеш болката на секоја мајка, биди милостива и спрема мене”.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
„Света, премила мајко,“ рече таа, здржувајќи ги солзите, „те молам, жити светиот син што го држиш во пазуви, фрли еден зрачец врз мене, ќердосај ме со рулче, та и моиве очи еднаш да престанат да солзат.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)