премреже (ср.)
Блазе си ви, велам вам присои ладни, што чувте кај грми на пушките екот, пет векови гласат премрежиња страдни, вик јуначки сега прогласува векот!
„Локвата и Вињари“
од Лазар Поп Трајков
(1903)
Не си признаа, но двајцата во себе помислуваа дека после ова премрежие, можеби уште довечер да се најдат дома.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
- Секој што се раѓа за премрежина се раѓа, вели Григор, а јас многу претерав, па може и ова да го претерам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
се фаќа за носот и повраќа, некој снебивлив и кревок човек, ние одиме и смрдиме, ни смрдат алиштата, ни смрди и дишењето, душата, одиме меѓу пушки и штикови в затвор, а таму - пак сослушувања, нови премрежиња, кај ви се пасошите, ни велат, ги фрливме в море, велиме, од страв да не бидат откриени, велат, не од страв, туку од радост, велиме, не можеш со ѕидон да се разбереш, ние кажуваме едно, тие прашуваат друго и ништо не помага, нѐ осудуваат на смрт со стрелање, мене, Стевана Докуз, Илија Јованов, Добри Закоски, Јоше Богески и Силета Плевнеш, Стеван се тресе, го собира срцето ко полжав роговите и олкави солзи му се тркалаат по образите, му паѓаат в уста, а тој само шмрка и ги подголтнува и идат две војничиња со муцки од глушец и со ситни очи како топуски и ни собираат сѐ што имавме купено: чевли, шапки, палта, панталони, обетки и прстени за жените, џепни сатови, пари, сѐ, еден зема, другиот ги собира на една мушама, ги подврзаа плачките и ни даваат белешка, што зеле, ја подврзуваат мушамата со крајовите, ја креваат и си заминуваат, отиде печалбата наша и седиме, никој не заспива, од утре ќе имаме напретек време за спиење, уште една ноќ живот, си светкаме со очите и прашуваме кој го фрли прв пасошот,
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
— Нема смрт кога помина и ова премреже, велам и им кажувам кај бев и со кого.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Таа пак беше осудена на 12 години затвор затоа што танцувала со некој Французин. Премрежиња разни.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Премреже, несреќичка: вчера се котел и плачел над Калпаковиот гроб, денес станал питач по женско месо.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Времето на козите течеше бурно во градот и јужната република. Земјата минуваше низ судбоносни и трагични премрежја.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Ете неколку, меѓу многуте, причини (артикулацијата, транспарентноста, ставот) зошто во ударниот темат на оваа Маргина се поместени есеите на Борис Буден, кој освен што веројатно е најинтересниот хрватски аналитичар на премрежијата меѓу културата и политиката, воедно е и еден од клучните луѓе на мошне значајното (иако со мал тираж) списание „Аркзин“ (на делумно сличен начин како Маргина овде „Аркзин“ е конфронтиран со тамошниот интелектуален естаблишмент).
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Не, не може, туку така, преку ноќ, поради волјата на еден Сталин и неговиот верен следбеник во Албанија, речиси преку ноќ да се урне големата тврдина на народните морални вредности, со векови извишувана и во најмрачните премрежја.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Мислам, по ова негово последно искуство, за кое не забораваше да напомене дека било премереже поттикнато од маглите на судбата, како да ја кладе под себе својата живеачка.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Не знам колку оваа нејзина умешност беше резултат на нејзината возраст а колку на премрежијата низ кои беше минала.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Тоа се случи многу подоцна, сине, толку премрежија ни беа поминале преку глава.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
И покрај сите црнила и балкански премрежиња, Татко не престануваше да верува во овдешната изрека дека планина со планина не се сретнува, но човек со човека - да.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
- Војната долго траеше. Помина низ многу денови, низ големи премрежиња.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Пелагија каснува од слаткото што мириса на дуња, на дом, на сигурност, сака и таа да се уфрли меѓу зборовите на тетката, ама нема место за нејзините зборови, не може да направи простор во нејзината реденица оти таа ги стиска зборовите еден до друг, смислата одвај да допира до свеста на Пелагија, само негде длабоко во срцето веќе знае дека не само што нашла засолниште, туку како да ја нашла тетка Евдокија од Прилеп, односно како да оживеала нивната мајка, нејзината и на Добра, одонде, од зад границата, па наслутувајќи големи премрежиња, брза да ги откине од патот на страдањето.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
2. Мојата приказна
„Стасав во последен миг, но сепак
го преминав прагот на авлијата 28и премрев, мислам, одеднаш:
- самрачна светлост, неспокоен сјај
и јарка нестивната страст
која се одразува врз сѐ и во сѐ
и сѐ превреднува, како премрежје
- сетне, интензивен спој вибрации
збрани на едно место
налик на грст значења вкрстени
во еден единствен збор
(о, парадоксално блаженство
на хомонимијата -
си реков и почувствував
дека допираат до тебе
моите помисли, надтежнати од профаност
занесени по светост
изострени од долгото 'рвење
меѓу принудата и поривот
меѓу надворешното и внатрешното!)
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Да појдеш на извор
зад девет младости
и девет премрежја
да се напоиш и внесеш во него
бистер и озарен
да се вратиш при мене
и да ме гледаш
сѐ додека не протечеш дробно
по мојава планина
песу мој!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Како може тоа тенко дете без колкови да мине низ премрежието на бременоста.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Лошите вести Рада секогаш ја држеа на готовс. Секој телефонски повик значеше ново премрежие.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)