препне св.

препне (св.)

Ја повлече рачката. Полека сѐ се смири. Истрча во собичката; на прагот за малку што не се препна од свитканото, заспано клопче на неговото срнче.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
На едно угорниче погоре се препна во некоја затрупана ветка под снегот и падна. Веќе не се мачеше ни да се исправа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Некоја радост ме поткрева над земјата и ништо нема да ми запне, да ме препне. Сѐ е рамно, полно и недогледно.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
За него баналното прашање за забраната на чувањето на козите во првите години на комунизмот се претвори во вистинско искушение, во прва пречка на која се препна и уште тогаш падна комунизмот, во немоќта да експериментира долго време со живиот живот...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Потоа, препнувајќи се во мракот, излезе во ходникот осветлен со слабата жолта сијалица, повлекувајќи ја вратата од канцеларијата зад себе.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Бегот првпат го видов не кога отидов таму, зашто тогаш ме зедоа постарите прислужници и ме однесоа во помошните згради зад сарајот, туку подоцна еден ден кога јас се најдов близу до предниот двор на жолтата голема зграда со долги правоаголни прозорци и оттаму можев да го видам како се качува на еден дораст коњ, опкружен со слуги кои, кога коњот се препна под шибањето на мамузата, се тргнаа скраја.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ќе се доодува ридот? Па, добро, нека крцкаат колената, препнати нагоре, како гранки суварки, запнати во служба на надежта.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Додека други го живеат животот Јас го теоретизирам Го оградувам Го тероризирам Се препнувам од него Го канонизирам Го филтрирам и проучувам Го анализирам А потоа нестигнувајќи никаде До никакво откритие и заклучок Го синтетизирам За да можат утре Моите деца Да го почнат овој процес одново Кутрите тие! 2007
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Но вечерта кога со Филип чекоревме по нерамниот селски пат неколку пати се препнав ненаучена да одам на штикли.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Одејки кон дома, изгледа се има препнато и така незгодно паднал што со главата удрил во некој камења.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)