преслаб (прид.)
Беше преслаб за да се насмее. Ѕурев во него и молчев.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Без импулси за животот околу себе паѓале на земја по првите прегратки со жените и со мајките и се распливнувале во нејасни, распарчени и испреметкани соништа, пред тоа преслаби да ја голтаат и да ја издржат ракијата што сосила им ја сипувале помеѓу испуканите и раскрвавени усни.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Кинезите велат, идејата не е да се изгори туку да се гали нежно, така што колку послабо се загрева (не преслабо и не пресилно), толку подобро.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Воздушен удар. Задушување. Експлозија. Центрифугалната сила. Пресилно забрзување. Преслабо забрзување.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Ја стегаше преслабата жена, чувствувајќи ја цела, потполна во нејзината прегратка, со радост која се возвишуваше како химна, како гулабите кога ги пуштаат, како распеаната река.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)