престегне (св.)
Тоа трпеливо кончење на злобната темнинка и тие, сега веќе доста приближени црнки на дивината, што се испрекрстуваа и ја изврзуваа со престегнувања шумата, како некоја пеколна морница, залазена меѓу нејзините стебла, насобирајќи се најгусто на границата од тој , маѓепсан круг околу него, а сепак оставајќи го во неговата стеснетост само него, и бездруго уште оној, што му идеше во петиците; сето тоа беше токму онаа јанѕа, со која што го јадеше увиснатиот меч на неодоливата угорница.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Стоеше само еден миг на таа пребликната сончевина, престегнат и бодар. Така замина, без да се обѕрнува.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Една морница, што го престегна по целиот граден кош му го истера сиот здив.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Имаше престегнати очи, речиси собрани во трепките, истечени.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Тој ми се придружи, црн и исфудулен, излокан под лажичката како да е престегнат со ременот или пак умрен од глад.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Небаре нозете му беа сковани во окови, а срцето со свилен гајтан престегнато.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Расправа едни будалски... Кочо се загледа во неа. Беше убава - танка, престегната со утаре.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Леле, кошулата везена и половинчето со ѕуница престегнато.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)