престолонаследник (м.)
Тука се наоѓа и затворот во кој постои келијата во која бил затворен Гаврило Принцип, заедно со другите атентатори од Сараево на австро-унгарскиот престолонаследник Фердинанд во 1914 година.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
2 Според подоцнежното раскажување на кукулинецот Лозан Перуника* (значи по седумдесет и осум години од настанот, кога тој веќе бил на прагот на своето столетие, поточно - според записите на некој калуѓер од илјада деветстотини и тринаесеттата година, кога веќе се гризеле со оган и челик под знамиња на лав или двоглав орел и атакувале едни на други преку полумртви села и градови во прашина, во чад и во треска бугарските дивизии на генералите Тошев, Ковачев и Иванов и српските дивизии од Првата, Втората и Третата армија на престолонаследникот Александар и на генералите Степановиќ и Јанковиќ, и едните и другите, мобилизирајќи ги македонските голтари од вардарскиот, пиринскиот и егејскиот дел на својот вилает да пукаат едни во други**, додавајќи му ги на тој хаос и грчките војски, сите три крунисани влади на тие армии во алчна агонија да лапнат по еден залак од Македонија), во она време големоглавиот и бабуњосан Адам Леновец им раскажувал на неколцина од дружината дека попчето што го мердале ноќе во Лесново не се занесувало толку по идејата на грчката Патријаршија за една голема и од Зевс или Саваот благословена Елада, тој неграмотник со ретка брада можеби за тоа и не знаел, колку што сакал да ги завлече прстите со многу топчести ковчиња под ленената кошула на Фиданка Кукникова; каменоделците по ден, најчесто пред своите жени со загатливо сомневање под клепките, ја проколнувале и ја пцуеле убавицата со дамки, со тие златни очи на страст и копнеж по милување, а ноќе станувале од постелите на своите жени, божем во дворот ќе шопаат широко расчекорени и без воздишки по она што пред тоа го сонувале, всушност како лилјаци ја облетувале Фиданкината куќа со еден прозорец под бушавиот сламен покрив и со напукнат оџак; жените веќе нешто знаеле за ноќната лилјачка игра на своите мустаќести балами и со дукат го наговарале попот да се преправи во козинав врколак и да внесе страв во селото; ама и на попот, како што раскажувале, не му висел под папок суџук од мелено козјо месо; и тој станувал бабачко кога ќе се сетел какви тајни си криеле жените под кошулите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Пиерот: Една стара кинеска мудрост вели: „Не ги гази јајцата на престолонаследникот - лижи ги“.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Филип Кралот се ожени со Клеопатра! На свадбата Атал, вујкото нејзин, се опи ги тераше Македонците да им се молат на боговите за да им родат престолонаследник на Филип и Клеопатра.
„Еп на Александар Македонски“
од Радојка Трајанова
(2006)
На крајот на масата, каде беше седнат татко ми, бидејќи тоа беше неговото востановено и неприкосновено место за седење, како некој да му го врачил по заслуга (се прашувам само кој ли ќе биде неговиот престолонаследник, бидејќи јас немав таква амбиција, а мојот брат по ниедна основа не го заслужуваше тоа).
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)