претоварен (прид.)
Како претоварена гемија однегде доплови дебела девојка во црвен фустан, ги развлече намачканите усни и седна до него.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Крцкаше животот, беше претоварена кола упатена кон бездна.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
„Двајца се недоволност, тројца се претовареност.“ Сега ја болеше вистината на Отец Симеон.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Се врати в село по неколку дена, терајќи пред себе карван коњи, претоварени со сите оние работи, што можеа да се присоберат по џадињата во тој април.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Житата родија тројно, четворно повеќе, а маслинките до земја ги наведнаа гранките, претоварени од род.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Небаре бичкиџии да ми влегле меѓу дрвјата, Мислиш и ноќта се ниша, како втурена јаболкница. Претоварена.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Претоварени со грозје, леб печени прасиња, кокошки, патки... Купишта месо и леб.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Дали есента, секогаш благородна за носталгични споредби, или можеби старите ракописи што крцкаат под буквите како претоварен, ислужен брод, но кои под песокта сè уште очајнички веруваат ви некои свои светови?
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Подзапираме под една слива, претоварена со сливи модрачки и се развардуваме.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Претоварена е земјата со расцутени јаболкници.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
А потоа, оној мрак во испразнетите куќи, стравот што демне од секое ќуше, а и темницата; она чувство што го потхранува таа: дека секогаш постои можност и некој друг да се појави од длабочините на ноќта, некој што исто така е претоварен со страв!
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Утредента авторот во „Златното буренце“ ги најде една група од петмина седнати во длабочината на ресторанчето, околу маса претоварена од скара, чаши и литарски шишиња Смедеревка и Пелистерка.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Пред него стоеше еден студент, со калфинска престилка и раце со кал, а како да стоеше некогашен затвореник со количка претоварена за слабечките мускули.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Веднаш почна разговорот, како сам да изнурка на површината, од длабочината на претоварените души.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Крцкањето на претоварената кола беше болно и предизвикано од разните триења на дрво и железо од кој беше направена колата.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Паметам исто така дека ѝ реков на Нилика: „Светот навистина е претоварен со невини должници на туѓи несреќи“.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)