привлече (св.)
Националната бугарска целина, во која се однесуваа Бугарија, Тракија и Македонија, не може да се зачува, зашто нема таков етнографски центар што може здраво да ги соедини тие три земји, како што се соединети српскохрватските земји, нема среде тие земји едно најраспространето и еднакво оддалечено од сите нивни краишта наречје што да ги привлекува околу себе периферните наречја и да распространува општо национално сознание меѓу сите што зборуваат на тие наречја.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Од тој ден Кузман почна да ме привлекува како што порано Пенчо ме привлекуваше.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Најпосле, разговорот за ѓаволи, необичен и несекојдневен, ме привлекуваше.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Знаев - Пенчо најмногу мислеше на неа и беше готов на сѐ за да го привлече нејзиното внимание.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Кловнот трипати удира со дланки да ги привлече очите на гостите потоа вади од под огртачот кукла која ја движи долната вилица и ѝ поставува прашање. - Тони, да се напиеме нешто?
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Не толку заради земјата, бидејќи таа не ги привлекуваше нивните апетити, зашто беше пуста пустелија – џунгла, ами да не ги соблазнуваат нивните чифчии по полето со таа нивна слобода со која секогаш и секаде се фалеа.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Водоскокот им го привлече вниманието и како да заборавија каде се наоѓаат, почнаа да се задеваат и смејат.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Пригушено плачеше... брачни води осветлени прозорци Ѕвездите не го привлекоа.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Не ја сфати и не исфолира за да ја привлече. „Занимливо“, рече.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Не сакаше да се збуни, да ја издаде својата изненаденост, да биде уловен и од брат му, како што беше уловен од себе си во тоа ситно, мало, безначајно откритие. „Навистина, глупаво е да се сметам за зрнце песок, за отпор на твоите води.“ Неоскрнавената белина на новата превивка на неговата рака неодоливо го привлече погледот на брат му.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Во тремот е свежо, пријатно. Овде изненадува и привлекува богат и вкусно изграден амбиент на стара чорбаџиска куќа.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Наеднаш вниманието му го привлече нешто друго.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
И токму сакаше да се тргне од прозорецот и да се привлече до топлата печка, кога на трендафилот што беше веднаш под прозорецот слета едно врапче.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
И Сашо се привлекува до печката.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Гледај!... Бранко затрепери. Маѓепсано впи поглед во осветлените прозорци. Неодоливо го привлекоа тие.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
ЛУКОВ: (Го привлекува и патетично го прегрнува. Потоа се поздравува со Методи и со Ивана.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
А ти повели, па стрелај кога ќе ти се види најинтересно... (Го кине пликото.) ... само не заборавај, твоите истрели ќе привлечат овде луѓе, сеирџии и дека со тоа овој дом ќе стане сосем негоден за довршување на акцијата?
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Таму нешто ја привлекува. Наеднаш, оживеана од изненадно чувство, таа се свртува кон Арсо.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Сето она што офицерот толку усрдно го читаше и со тоа го привлекуваше интересот на слушателите, на Етхем-паша му беше неподносливо, изветвено.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Се отвораше еден интересен свет што го привлекуваше. Се чувствуваше подобро и посигурно.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)