привремено прил.
привремен прид.

привремено (прил.)

54. Додека во овој прилог, пишуван пред донесувањето на Мурцштегската програма за реформи во Македонија, Мисирков условно и привремено дури и ја допушта дејноста на постојните црковни организации, во другите прилози во книгата тој е веќе против каква и да е туѓа ” црковно-училишна организација или институција на пропагандите на македонската територија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А тиа, штим-мајсторите на судбината, беа мали, не смееја да ги свртат кон мене валтерите, беретите и колтовите. Навистина можев да здивнам. Привремено.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Работела таму по земјотресот привремено, бидејќи повеќе од училиштата биле урнати.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Камуфлирајќи ги „забранетите“ извори на своите фантазии, играчот – бегалец пред студот постигнува двоен учинок – успева за себе да здобие толку задоволство барем привремено да го совлада потискувањето и им овозможува на другите сми од несвесното да црпат утеха и олеснување.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Дишеше шумно низ нос, не во исчекување да станам и да го доведам до местото за кое беше уверен дека го знам, дека привремено е моја тајна, туку во занес на човек од кого ништо не може да се сокрие.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Помолча пак отец Иларион, и кога виде дека сите гледаат во него чекајќи да продолжи, рече: - Душата човекова се разликува од животните и по тоа што таа прави дела; што управува со сопственото тело; што знае дека телото ѝ е привремено боравиште; што е разумна и знае дека е од бога и во бога ќе се врати; што знае дека ако биде грешна - ќе замине мрачна и темна, а ако биде безгрешна - ќе замине чиста и светла; што знае (како што вели свети Андреј Јуродив) дека сразмерно на делата што ги направила, така и ќе свети: некоја како сонце, некоја како месечина, некоја како пламен, некоја како молња, некоја како камен скапоцен, некоја како килибар, некоја како цвет, некоја како волна, некоја како сребро, некоја како чисто злато.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Се донесе привремено решение козарите да се сместат заедно со козите во предвидените куќи и станови, а проблемот со козите да се решава во согласност со очекуваните инструкции од повисоките партиски органи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Стигна на местото што јас привремено го крстив хемороид на газот на светот.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Држењето на телото, ритамот на дишењето, правецот на погледот, изразот на лицето и тонот на гласот на секој од учесниците означуваат или отвореност и дозвола да се напредува побрзо, или пак вознемиреност и барање разговорот да се успори или привремено да се прекине. Andersen (1991) предлага ритамот на разговорот да не биде побрз од оној на најколебливиот учесник.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
На својот пријател сликар, кој привремено го дели покривот со него, му вели дека во неа се чувствува подуховно - како монах или самурај; во арсеналот на споредбите е и принцот Чарли, облечен во килт.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Рок музиката во овој контекст може да се сфати како синтетичка естетска форма на нови искуства, бидејќи ѝ претходи психоделична промена на свеста во која личноста привремено ја напушта конвенционалната свест и патува во себе, низ просторите на несвесното.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во East Village, каде што привремено живеам, влегувам во чевларска работилница.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Карневалската култура значеше привремено укинување на секојдневниот живот со цел, според Бахтин, нормата каква што би требала да биде во секојдневниот живот да се направи помалку обврзувачка и со тоа поподнослива.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Потоа таа најде привремено сместување: една илегална соба која ја делеше со синот. Соседите ја пријавија.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Тие ѝ рекле дека, барем привремено, мораме.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Беше тоа еден од оние моменти на помирување, кога упорниот глад во стомакот беше заборавен и кога неговата некогашна љубов беше привремено одново оживеана.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Од трите групи, само ниската никогаш, дури ни привремено, не успевала да ја постигне својата цел.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Квакањето од соседната маса, привремено замолчано од соопштението на Министерството, повторно почна, гласно како и пред тоа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И го видов во моето видение и него: мал, расклештен, со опашка грозна, влакнест како пајак, во центарот на малата апсида: отстранет, прогонет од небото, од таванот на одајата мрачна, но сепак тука, блиску, како да чека да се врати, како да е привремено тргнат на страна; прогонет од големото, тој чекаше како пајак влакнест во своето мало небо, оти небото на две беше поделено, на големо и мало; си чекаше таму, сам во својата вселена, со тие негови вжарени очи на гревот, страста и блудот; и во тие вжарени очи јас ја видов, во откровението мое, сета историја на светот, вековите со страдања, казни, измачувања, распнувања, убиства и кражби, блудничења и невери, потоци крв и солзи видов поради страсти јавно искажани, поради создавање вселени мали, поради ловот на малите и неспособните во мрежите на големите, силните и отровните; и видов дека и Филозофот гледа, и дека мисли исто што и јас, и дека се обидува да се сети како гласеше последната реченица со која завршуваа претсмртните ливчиња на отец Мида, па се разбравме со поглед и јас реков:
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Значи, седам во мојава соба, на прозорецот, гледам во потокот, Борче, не знам што му текнало, учи нешто во неговата, т.е. во собата на брат ми, што е сега привремено негова и, веќе реков, ги имам сите предуслови да бидам сосема среќна, а не сум.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Повеќе