приклешти (св.)
Пашата ги набра веѓите. Коњот под него исцвиле силно приклештен од уздата - се исправи на задните нозе. Пак исцвили.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
„ Ама,“ се најде приклештен Претседателот. „Не можам. Чу?“ Тоа беше вик.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
За некакво прибирање, за некое чудно доаѓање, кое што завладуваше полека со него, онака притиснат и собран, онака притаен и најден во своето преисконско гнездо, еден човек, во својот одамна, пред илјадници години напуштен дом, приклештен меѓу двете ветки и заштитен меѓу нив.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Прислужникот само со Буза „поработи“ малку: го приклешти за ушето, ми го сврте како затка од шише и го спика во редицата.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
18. ГОСПОД ШТО ЌЕ СПОИ, ЧОВЕК ДА НЕ РАЗЕДИНИ ПОТЕМ - но и матичарот да се јави на закопот со власта па и со параграфи да го приклешти тој, скротен, спор меѓу мажот и жената адамоевински прастар...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Имено, тука, на Зедница, зиме, кога ќе приклештеа и ќе се одолжеа студените денови, обично во време планина, кога сонцето, низ некој процеп на облици, ќе смогнеше сили да испрати на земјата забести зраци, жителите на Потковицата во специјални корита, издлабени во стеблата од дабови дрва и поткренати на ногари, ја крмеа и ја поеја стоката.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Затоа сосем спокојно верував: ќе се сопнам на неа и во пад ќе ја приклештам под себе.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Мајка ми, приклештена од тежестите на скорешната рожба и гладот на другите рожби, долго во ноќта го гледаше тажното зрачење на татковата лампа без да ѝ биде осветлена вистината.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Бидејќи е приклештен да избира помеѓу куферчето и Германија, тоа му паѓа толку тешко што почнува да плаче.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
- А-ха, - тетка ми кимна со главата и забележувајќи една трошка што по грешка останала на масата, се концентрира на неа со погледот и потоа внимателно, како да е мравка и како да ќе ѝ избега, ја приклешти меѓу палецот и показалецот и откако стана, ја фрли во кантата за ѓубре под мијалникот.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Гракајќи разгалено, слета точно на рамото на Еразмо, ги приклешти острите канџи во неговото меко зимско палто, чувствувајќи го волшебниот предизвик на зрната од вреќата, и се прикотви тука.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Некој е вишок
тензијата е последица од премногу сакање
ниски страсти, совпаѓања
а предметот на желбата еден и неделив
мистичниот копнеж по неделивоста
нѐ поврзува да учествуваме во с-подвижната драма
на свеста (coitus interruptus)
во одложувањето на кулминацијата
секој од нас цел го сака
цела ја сака
колку повеќе ја одлагаме драмата
толку повеќе е тука
приклештена габаритно
еуфорично распиштолена
по меките, лимфни, срамни и кршливи
пасажи на твојата, мојата или на неговата
психа, навидум силна налик на лунатик
хистеричен
порив да се биде роден
да се осети на свој грб
животот
сѐ недостатен, сѐ пожелуван
сѐ отповеќе, сѐ отпосле
сѐ притеснет
испустен или пренаселен
сѐ загрозен, заплашен, изнемоштен
од перипетии, пресврти и стресови
од иселеништва, делби и егзили
сѐ лишен од разврски
создава лажна, мелодраматична слика
- нема друг и никој не е сам -
- целоста е устрем
обичен, а врховен!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)