припие (св.)
Плачејќи, до себе студената ја гушна глава ко бршлан којшто јавор млад прегрнува,се припива до таа тенка става .. .
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Се припи во него, се намали.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Ми се припило вода од него.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Дајреџијата беше како кора на дрво припиен до него...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
И сама го бакнуваше, посилно му се припиваше...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Божилак од тоалети - припиени до телата: тесни, затворени и широки, обгрлени, - трепери, мами... Раздраган, свечен шум...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Белите хризантеми се навалија една на друга, жолтите листенца - коку што можеа - се припија кон влажната земја, а трите розови пупки замижаа од страв...
„Градинче“
од Бистрица Миркуловска
(1962)
Потскокнав со подзината уста, но чичко Лозан ме фати за рака и ме припи кон себе.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Таман припна горештината, по пресопта; ги фрлија сакмите под леските на лево и десно од локвите, наизлегоа булуци овци, брави, шилежиња и курдисаа да пладнуваат и тие.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Оние што се збиени, уште од зори си ги мешаат сенките, се надјавнуваат, се грабаат на просторот, се издолжуваат и се собираат како пијавици, како полипи, како чудовишта; сокаците: удриле кај им било мило; еден од нив, најширокиот, се припил до езерото, не се дели од него: кај врти езерото, и тој; кај ќе се намери на куќа, се тргнува настрана, се свиткува, се стеснува; кај се спушта брегот на езерото, и тој по него; колку што се проширува брегот на езерото во летно време - толку и тој.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
По ставата на чудовиштето се припиени илјадници пијавици - кој ќе ги напои со крв?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Дупките, барите, бездните...ги прескокнуваше во црната, припиена роба, нималку стеснета, без страв од епидемија, пад, студена војна.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Леси се случува како и сите видливи појави: арапскиот ресторан на четвртиот кат во испразнетата зграда, голтките топол пијалак од шарената шолја извалканиот кафеански чаршаф, онаа жена во кафеаво палто и со долг бел шал врз него, која го припила до себе своето дете сред уличниот метеж, тркалезната купола на амамот, запрено во мигот пред тресок.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Младата продавачка, речиси софистицирани со набеленото лице и црниот, припиен фустан, ми ги завива во украсна хартија писмата на Ван Гог до братот, расказите на Бруно Шулц, Вејтсовиот „Џокеј полн со бурбон“ и книгата со патетичен наслов „Предсмртна љубовна песна“.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Се припивме во прегратката на мајка ми.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Тесно се припиваше како ракавица на долга, кревка шепа, и мирисаше на студеникав, свеж воздух, метал и вселена. Мирисаше и на оган и на време.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Оди по патот крај кој е припиена и реката одејќи заедно со него како впрегнати во јарем; на некои места патот ѝ одзема на реката, а на некои места таа му одзема поткопувајќи го; дури долу во полето се одвојува од него и напојува ниви и бавчи, овошни насади и лозја, се провира низ трњари и капинари и други неплодни скрки и стрништа, спојувајќи, како божја рака, диво и питомо, плодно и неплодно, одгледувано и запуштено.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Ги препознавав кај овие луѓе сличните генетски облици, макар што кај постарите уште малку живот беше останало во нив, со кожа најчесто силно припиена за коскените облици на лицето.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Младото тело беше припиено до неговото, масата од темна коса му го допираше лицето и - да ! таа навистина го крена лицето и тој ја бакнуваше големата црвена уста.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Таа се припи кон него. Останаа така долго, молкома.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)