припитоми (св.)
Лоши јазици зборуваа по село дека дедот поп си ја припитомил снаа си кога момчето ѝ го зедоа Србите војник, но тоа си беше нивна работа.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
И веќе си размислуваше како ќе го чува, како ќе го припитоми и ќе им го покажува на децата.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
А толку, толку силно сакаше да го припитоми, да го скроти тоа нежно, убаво шумско животно.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Многу си ги припитомил, ќе му велам, ко домашни животни си ги запатил, не се делат од тебе.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Тешко ги припитомуваше најнедостапните во мислите на бескрајот, во идеите на полнотата.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Откако минаа три години тој веќе ја беше толку припитомил и обучил што можеше слободно да ја воведе во куќата.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Не бев многу кроток... само неговата убава жена која успеваше да ме маѓепса по малку, ќе можеше можеби да ме припитоми...
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
„Се обидувам така, да ја припитомам. Изгледа бесна одеднаш!
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Диктаторот е обземен, со својата апсолутна моќ, од идејата како да ја припитоми вечноста, за да ја догради својата идеолошка пирамида, внатре во облик на лавиринт со седумстотини илјади бункери во кои сака да ја сокрие судбината на својот народ принуден, осуден и жртвуван да му верува.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Одлуката за градба на хидроцентралите беше генерално донесена од врвот, но мораше да се сообрази и со науката, а луѓето да се припитомат за новите подвизи.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
1. „...толку сакав да те земам
од подземниот трем на времето
гласот да си го припитомиме
спасот да го измислиме.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Стрвоста и поривите ќе ни ги припитомат
и превоспитаат: на туѓи имиња
ќе се одѕиваме како на свои.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Можеше тие зборови едноставно да се припитомат, трпеливо да се навлезе во нивните променливи значења во времињата, да се открива од секој од нив атом историја.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Татко цврсто веруваше дека ќе дојдат други времиња и луѓе, ослободени во толкувањето на минатото врз основа на митовите и легендите, ќе ја припитомат насилничката историја Времето брзо минуваше, а Татко и Камилски се чинеше дека сѐ повеќе се оддалечуваа од мисијата да го одредат местото на поимот курбан во листата на непожелните зборови.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)