пристапи св.
пристап м.

пристапи (св.)

Албанците, гологлави, пристапија со почит, со раце скрстени. Тој час најстариот се доближи и вземи удри очи па прошепна со искрен глас: И везден ти да плачеш, имаш зошто.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
50. Сегашниот политички опит да беше бил кај Бугарите понапред, ќе се пристапеше прво кон разделувањето на сферите за влијанието во Македонија меѓу Србите и Бугарите, а после, во време на востанието, српските и бугарските војски ќе навлезеа во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Свиркајќи тивко од нас се одвои Петко, пристапи до платнениот ѕид и од брз замав го расцепи со нож.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Му пристапив и го фатив за рака.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Секако изгледав исплашено или многу зачудено кога ми пристапи шишкаво дете со набиена капа над очи.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Една, две опомени не помогнаа. Се пристапа и кон други мерки.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Штом почнаа да се приближуваат кон местото каде што беше Мартин, тие сѐ повеќе и повеќе забораваа на тоа и се чудеа како ќе му пристапи Трајанка на Мартина.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Децата повеќе не го задеваа Мартина, но и не му пристапија да се мират.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Децата, заумени, по едно време станаа и тргнаа надолу влечкајќи се и ни самите не знаејќи како ќе му пристапат на Мартина.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
По завршувањето на аудиенцијата Великиот везир пристапи со доклади по писмените извештаи од разни краишта, каде што војуваше султановата силна војска.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Им пристапија гласници на сите бегови што не беа во Прилеп и Скопје, на тие што беа тука усно им го соопштија денот на тргањето уште пред цел месец и сите се зафатија здраво на работа, бидејќи така им пиша самиот калиф Сулејман.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И кога му пристапи Викторија, да му бакне рака, освен со низа флорини, стариот Карче ја дарува уште со пет лири одгоре... дајреџијата
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Гавазите поблизу ѝ пристапија. Како и секогаш, тие со почит ѝ се поклонија.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Крстан се прекрсти и пристапи со десната нога внатре.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Се сеќаваш ли што ми одговори кога ти пристапив? „Ви предлагам едно - молчење“ - ти реков...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Светлосната жица помодруваше, а заедно со ова неуморливо пристапување на приквечерината, гласот на Глигор добиваше нова упорност.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Свечерувањето пристапуваше тивко и Глигор со едно мирно чувство во себе трпеливо раскажуваше за своето последно бегство.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Дојди, момче! Арсо пристапува напред. Кајмакамот се поткренува од столот и Арсо сеќава скокоткање по образот и топол допир на влажните усни.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Скокна од леглото и ги прибра сите предмети од својата собичка, со кои сега ја загради наоколу целата печка, така за неговиот гостин да не може никако да пристапи до неа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Да знаат дека не постојат никакви споредни патишта и да не ги бараат попусто нив, дека треба да се пристапи отворено и просто, а после ќе се види колку е угодно да се живее со тој сок, оној вистински сок на работите, како кога вечераш од дивечот, што целиот ден сам си го ловел.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Повеќе