пркос (м.)

Како тогаш ќе се сетам млад, каква сила и пркос ќе сетам!
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
- Христина, - ме повика Вера и покажувајќи на мене му рече на човекот со некаков прикриен пркос, - ова е мојата друга ќерка.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Во почетокот чувствував непријатност таа, учителката, тукушто дојдената жена во нашиот дом да ги врши за мене работите, на кои толку долго време бев навикнала, па и некаков пркос не ме оставаше тоа да ѝ го дозволам.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Не сакав тие да ме видат да плачам и во тој момент ме исполни некаков пркос.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Таков: карпи од чии врлежи се образува неспомната, ни во книга ни на слика, царска тврдина со стотици пештери и пештерчиња низ кои се спровираат лачи, под облаци чија боја е згуснатост на спокој и на кои лежи бакарно-портокалеста дамка и предвидува дека од некаде ќе скокне со јунешки пркос сонцето и ќе ја измени бојата на темната, спокојна, скоро мртва вода на чие дрво се претчувсвтвуваат билјурни ѕидишта на манстир; низ прозорците на ѕидиштата се провираат сребрени и модри ластари, на нив висат гроздови од мали сонца.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Се завртела на петици дива во својот пркос, сама и сепак посилна од нивната врела ламтежливост и пак се занишала во колковите враќајќи се во светот на своите тајни.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Што разговарале, кој волшебен збор го скршил пркосот на младата осаменица?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ракописот ѝ е искосен, но налево, што на името ѝ дава нота на симпатичен пркос. ***
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Кога од студ поради туѓиот суд пукаат пријателствата, раскажувај ми за огнот. Ќе ме топли пркосот.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Ема беше сосема гола, оддавајќи впечаток на питомост и дарежливост, но во исто време, видена од мојата страна, држеше до својот пркос, подигната на високи штикли од кои израснуваа нејзините долги, необично раширени нозе.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ема молчеше. Нејзиниот поглед беше полн со достоинство, пркос и омраза.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Кога таа ме погледна после долго одбегнување да го направи тоа, почувствував дека има пркос во нејзините очи.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Гледаше во мене со некое неверување но и за миг како да видов пркос во неговиот поглед кој како да сакаше да ми каже: - Во животот ми се случила и потешка разделба од оваа со тебе сега.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Оттаму е и склоноста на машката геј-култура да им исклеса на своите учесници апсурдно преувеличен, претеран, деградиран женствен идентитет, кој истовремено е и ироничен, јасно наменет да поткрепува една поширока стратегија на политички пркос.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тоа е и темел на политичка стратегија на општествено спорење и пркос. ‌Има, впрочем, многубројни добри причини зошто настраниот поглед кон идентитетот треба да биде отуѓен.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таа е израз на отпор кон доминантната култура и пркос против општествениот поредок.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)