прле (ср.)
По малце време беа растанале сите од куќа и секој по нешто работа работел: мајка му фатила кравите да ги молзи, невестата му овците ошла да ги молзи, син му свињите и телците, прлињата ги испуштило за в говеда да одат, сестра му куќата фатила да ја мете и гнојот да го фрла.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Од прле станува магаре, од тебе не ќе стане ништо.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Прислужникот чичко Петре мораше да влетува меѓу нас и со стапот да прави редици, викајќи налутено. - В тил! В тил, прлиња!
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Брле извади петшеесет јагниња, две телиња, едно ждребе и едно прле.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ни говедо, ни коњ, ни крава, ни теле, ни прле, ни магаре, ни здивка ваша, ни поглед ваш да не преоѓа преку оној синор.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Така ние научивме, еднаш кога Јоле не беше во даскалницата, дека прле по старословенски се вели ОСЛЕ, та така јас и Николче тој збор му го залепивме како прекар.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Час веруваше дека животот е создаден само за тоа да нѐ тревожи, да ни ги брои грешните чекори, час ќе истрчаше пред тој ист живот како прле пред магаре.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Не си во тек, а се силиш, сакам да му речам а притоа ја избегнувам профанисаната изрека Претрчуваш како прле пред магаре!
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
А баба ми ме викаше и Прле на баба, затоа што газето не ми држеше и затоа што истиот ден кога јас сум се родил, во ливадата, тетеравејќи се на слабникавите нозе, се залула и по неколку минути потрча младото прле - магаренцето.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Кога наполнив пет години, на мојот врсник - прлето, му кладоа самар и заедно трчавме на селските магарешки натпревари... Зошто не се смеете, ре будалаци?...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
И јас и тоа растевме здрави. Ми раскажуваше мајка, дека баба ми ме хранеше со магарешко млеко и така дома си имаа две прлиња.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)