провинцијалец (м.)
Но тој, натрапникот, во очите на велеграѓаните останува непоправлив примитивец, недоучен провинцијалец кој на темни костуми со кравата навлекува бели чорапи претворајќи се себеси во припадник на племето white socks, како што го прекрстува метрополскиот сленг.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Но, веќе покажавме дека предметот на грабање во својата суштина отсекогаш и бил предодреден за тоа, дека фината загрепска девојка и суровиот херцеговски провинцијалец се токму идеален пар.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Или можеби да се пентари по запуштеното задно скалиште во надеж дека ќе ја сретне уморната жена со лице на провинцијалка, бело како брашно?
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Зад привидниот ред, багажот во мојот куфер е расфрлан и хаотичен товар на фрустриран провинцијалец.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Провинцијалец или руралец е личност која по секоја цена сака да студира у Скопје и покрај дисперзираните факултети у нивниот крај.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
По крајот на студирањето женската провинцијалка гледа да се упика за имотен „скопјанец” и по 10 години да се прогласи за стара скопјанка, а машкиот провинцијалец го наоѓа својот роднината од својот роден крај, односно „стариот скопјанец” кој пред 20 години се населил од село во Скопје, но преку дудлање станал директор или шеф у некоја државна институција.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
- Овде во Белград, метежов почна да нѐ гуши. Провинцијалци и селани ни го преполнија градот.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)