проектор м.

проектор (м.)

Околу седиштата, по ѕидовите на салата, се поставени единаесет платна и исто толку проектори.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Дождот престана. Беше тоа како... како сред филм за лавина, торнадо, ураган, вулканска ерупција... како нешто најнапред да се расипало на уредите за звук, придушувајќи и конечно исклучувајќи ја сета бучава, сите експлозии и громогласни ечења и грмотевици, а тогаш како некој да го истргнал филмот од проекторот и наместо него да ставил дијапозитив со мирен тропски предел, што не се менуваше ниту трепереше.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Зад платното што го користевме за снимањето на „рир-проекцијата”, стои огромен проектор кој фрла слика на платното.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Дури и кога Британците постепено го заземаа студиото во Излингтон, камерите беа американски, проекторите беа американски и лентата се викаше Кодак.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Јас бев зад еден проектор и ги поместував сликите наоколу.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Проектор насочен кон чашата? •Хичкок: „Не, беше во млекото, во чашата, бидејќи тоа требаше да биде многу светло.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Како на стар проектор се редат сцените: првиот плач во болницата, непроспаните ноќи, пелените, кашичките и чајчињата, медицинските енциклопедии, остави ја цуцлата, треба поголеми патичиња, не во уста!, „две рачички со десет прста“, Ноди-тракторот Том-Мики Маус, како прави магарето?, кликни на црвеното кругче, дувни во свеќите, ајде да градиме куќи, дојди да те гушнам, одиме во парк?
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)