противправен (прид.)
Исто така, во групата на казниви дела против службената должност – постои и делото „Измама во службата“, според кое службено [или одговорно] лице кое, во вршење на службата, со намера за себе или за друг да прибави противправна имотна корист со поднесување лажни сметки или на друг начин ќе доведе во заблуда овластено лице да изврши незаконита исплата, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години (чл. 355, ст.1 од КЗ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Имено, со изговор дека наводно, заедно со останатите работници на смена, сакајќи да прибават противправна имотна корист од 5.250 МКД, при утовар на поголема количина сепариран влажен песок од декларираната, го оштетиле претпријатието2 – им е врачена одлука за престанок на работен однос поради кршење на дисциплината, донесена од страна на директорот, а без никаква внатрешна дисциплинска постапка и без никакво предупредување пред исклучување или, пак, било каков друг вид на опомена или санкција.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
3. Тој што со намера за себе или за друг да прибави противправна имотна корист ќе доведе некого во заблуда со лажно прикажување или со прикривање факти или ќе го држи во заблуда и со тоа ќе го наведе да стори или да не стори нешто на штета на својот или туѓ имот – ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)