противуставен (прид.)
Види кај Димитар Клисаровски и Игор Петровски: Што ќе донесат измените во Законот за работни односи? – Лошите работници не ќе може да ги спаси ниту еден синдикат; неделен магазин Капитал, бр. 461 (2008). 15 потег на законодавецот беше направен откако, претходно – во 2006, Уставниот суд ја укина оваа противуставна законска одредба.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
2 При спроведувањето на оваа опсежна правна студија утврдени се неколку „пункта“ на противуставни одредби – и, подоцна, се поведени дваесет постапки пред Уставниот суд на РМ за разни закони од оваа сензитивна сфера на економско- социјалните човекови права.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Симптоматична, и се чини противуставна, е категоричната и императивна одредба, којашто вели дека „против решението не е дозволена жалба“ (чл. 35, ЗМРРС). 14 Решението е правосилно и извршно со денот на доставувањето на страните во спорот – а ако во него е утврдено дека дејствието, кое е предмет на извршување, може да се изврши во оставениот рок, тоа станува извршно со истекот на тој рок.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Досега Уставниот суд реши да поведе постапка за оценување на уставностa во три случаи и во сите три исходот е позитивен – постапките завршија со носење касаторни одлуки за укинување на оспорените противуставни членови; во други единаесет случаи Уставниот суд сè уште се нема произнесено по однос на нашите претставки; потоа во три случаи иницијативите ни беа отфрлени, а во уште три други случаи судот реши да не поведе постапка. 3
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ваквото алтернативно толкување на когентни (ius cogens) и императивни норми со останатите законски субординирани прописи е класичен пример за противуставност и авторите на оваа студија сериозно размислуваат да го искористат своето уставно загарантирано право и поднесат претставка до Уставниот суд на РМ, како споменатите норми во иднина би можеле да биде касирани.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
б) Со измените и дополнувањата на ЗРО од јули 2014 година се усвоија дискриминаторските20 и противуставни21 одредби кои нормираат дека работниците со писмена изјава до работодавачите може да побараат да им се продолжи договорот за вработување најмногу до 67 години возраст (маж), односно до 65 години возраст (жена).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)