психосоматски (прид.)
Во сексуалниот однос очигледно е ангажирана целата психосоматска економија.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
А кога оргазмот е невозможен, тоа значи дека постои органско пореметување (со васкуларно, нервно или ендокрино потекло) што не е предмет на психоаналитичкото истражување, (но може да биде предмет на психосоматско истражување), или тоа значи дека оргазмот заради психички причини е невозможен без соматска подлога, и тогаш психичката сексуалност се сфаќа како пречка за организмичкото празнење.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Доколку ракот, како што тврдат некои, исклучиво е психосоматска болест развиена во реакцијата кон надворешниот свет, односно како реакција на организмот кон себе, тогаш Креклајт (Kracklite) во СТОМАКОТ НА ЕДЕН АРХИТЕКТ умира од неприлагоденост.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Од овој осврт на психосоматската економија, и во одреден степен на здравјето, заклучуваме дека откажувањето од сексуалните односи не е знак на прилагодливо сексуално функционирање.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Секоја божја квечерина
пројавуваш симптоми
на алергија:
прашина, минато
одминат живот
а каде без неа, кога сѐ е
всушност, прав и пепел
- од книгите до стварноста
па и тоа малку љубов
што го имаш
предизвикува
астматичен грч
психосоматски задув
а ни морето не е тука
да се прочистиш
од талогот!
Правта е овдешна вечност
- премин во метафизика.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Така се доведувам до тешки психосоматски кризи. ***
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)