радиограма (ж.)
Во радиограмата до мисијата Bethesda од 6 октомври таа ќе нагласи дека локалните преговори за предавање на „германските единици во Југославија“ требало да се одвиваат директно „меѓу локалниот партизански командант и локалниот германски командант“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Истовремено од британската позадинска воена мисија на Фицрој Маклин Балкански воздушни сили до сите мисии била испратена радиограма во која биле набележани условите под кои требало да се предадат и германските сили.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Во својата радиограма Едмондс ќе истакне дека британските воени мисии биле постојано набљудувани од членовите на ЕАМ-ЕЛАС и на КПГ бидејќи “луѓето кои ќе се видат дека разговараат со членовите на сојузничките воени мисии или ги посетуваат нив се задржуваат и испрашуваат за причината на нивната посета или за што тие разговарале и повремено се апсат или некои протестираат и се затвораат на една или две недели“.329
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)