радосно прил.

радосно (прил.)

Колку те гледам, сѐ полична стоиш. И лицето ти е денес друго: радосно, моминско, младо невестинско!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
И цветчињата овенаа, како што и самата венеам, мили домаќине!... (Оддалеку се слуша песната „Сите момчиња дојдоа...“ Радосно). Тие се!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
По тија пот се човечка дими и снага крвава цвили, по тија радост никога нема а с'лнце радосно има!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Мече за сето време стоеше настрана, гледајќи го со затаен здив сето ова, одошто на душата му стануваше светло и радосно.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Бев болен од заразна болест, радосно објаснив.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Црните браќа се зарадуваа. Андон го удри со сета сила по рамо и радосно потскокна.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И дури тој есапеше колку снопови има и колку десеток ќе му падне, чорбаџиите радосно ги полнеа вреќите и го носеа житото во Колобановиот амбар.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Штом го допи, издивна и се задиши како кога човек ќе се искачи на некој висок рид, но сепак радосно и гордо им рече на другарчињата: - Деца, испив десет шишиња!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Облак зелен во залез виолетов плови како во пристан млак Стојам под него Маглички утеха сина и бели нежни јадра – бледи јата – копнеж на живи вази Јадреат јадреам јас Во цветот на корењето земјата не се открива сино Гордо виолетово радосно плови над прозорците да ги легне очите на улицата на себе Шуми ми шуми приспивно за раното небо на тротоарот што во правот долго ги помни сините стапалки на ѕвончињата
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Што стана? – со треперлив глас го праша кадијата Јунуса не отпоздравувајќи го и не слушајќи ги поздравите од Рифата и забитот, што влегоа по него. – Готови се кади ефенди, готови! – Готови? – радосно викна кадијата и се стрча кон Јунуса, го прегрна, го избакна и почна да го тапка по плеќи: – Бравос, бре синко Јунусе, бравос!
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Анѓа ѝ исприкажа како порасна во слобода кај мајка си и татка си; како весело и слободно го проживеа детството свое, како радосно работеше на нивните ниви, лозја и градини и се што им се раѓаше беше нивно; како среќна и весела играше и пееше на сретсело на Велигден, Ѓурѓовден и другите христијански празници со своите другачки; како среќна и доволна ја собираше волната од нивните овци кога ги стрижеа, и најпосле ѝ ја откри младата душа до нејзината длабочина и ѝ кажа дека има прво либе.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
За Нова година, мила!... - ѝ наздравува тој мило, радосно...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Гнездото ни е здраво. Сигурно Џивџик добро го пазел, - радосно им рече старата ластовица на другите.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Сенка од некогашната здрава и убава Бојана, сегашната Бојана, жена со проретчени бели коси, поцрнето лице, поднаведната и опадната, одвај се држеше на нозе, повеќе од силен страв отколку од некакво радосно возбудување.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Сега е нашето, а за свадбата зетот да му мисли... - благо и радосно ги одбиваше татко ѝ на Викторија роднините, кои по секоја порачка викаа „доста е“, „многу е...“
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Одзади се издолжува нагоре главата на татко му и Арсо забележува на неговото лице радосно растопување на брчките.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И додека мајката и го бришеше носето, малото девојче радосно се насмевна.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
„Се разбира! Ќе дојдат!“ - извика радосно сестричето.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Горјан се напи и радосно извика: - Е, ова се вика, братче вода! Вода, балсам!
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Завчра Коле радосно ни соопшти дека денес повторно ќе нé учи тетка Анѓа.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Повеќе