разбрани (св.)
Кога ќе се разбранам и толку развилнеам та да се кренам, да стигнам насекаде, да давам секому сѐ што ветувам и како далга неукротена од брег на брег моќно да прелетувам?
„Слеј се со тишината“
од Ацо Шопов
(1955)
Заедно со неа се разбрани и студено, морничаво ветре; морничаво како што се морничави и снагата, и мислата и душата при секое вакво исчекување, при секое судбоносно и важно решавање.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Одеднаш ноќта ја разбрани далечен истрел од пушка. Долета откај Гола Глава.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Се разбрани нешто во душата на Скрче, и тој фати да пие. Одеше во кафеаната и пиеше по цела ноќ.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Меѓутоа, козјото прашање уште еднаш ги разбрани духовите во републиките и федерацијата.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Се слушна одобрување од блиските козари, се разбрани белата маса, партискиот секретар не очекуваше ваков одговор.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Ретко кој крај на живот на човек толку силно ја разбрани планетата Земја.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)