раздвоен (прид.)
Некои региони можат да бидат групирани или раздвоени на еден или друг начин.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Двете подрачја на дискурсот се јасно раздвоени едно од друго.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Уметноста и религијата - дури религијата во онаа гностичко- еретичка смисла - помеѓу 1520 и 1660 сѐ уште не биле раздвоени.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Остануваат раздвоени како масло во вода.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Мајката Роса од синоќа е во подрумите со момите и гуските, ама од кај исток, додека од оваа страна, на кај дворот, односно од кај влезот, има уште две празни места со ѕид раздвоени,само со празни дупки за врати и празни дупки за пенџериња.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Еден ден, додека Томо и Рада ги шетаа околните ридови впивајќи ја природата, пред вратата на новиот дом меѓу раздвоените штици, Ружа забележа писмо.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)