разигрува (несв.)
Се разнесоа песните за Антица, за Деспина, за Караѓуле и за други охридски мераци што копаа по срцата и ги разигруваа до поулавување...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Беше една таква радост во него, што тоа сега разигруваше околу таа раштркана солца на подот, живо помрднувајќи со опавчето и кружејќи, без ниеден миг да ја одлепи муцката од тоа место на подот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
А кога ветрот ќе ја разнишаше долгата коса на палмата, фикусот ги разигруваше длабоките корени.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Се откинува листот и мислиш право в дланка ќе ти падне, а додека го чекаш, поддувнува ветер, го разигрува и префрлува меѓу земјанките, на патеките.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Молк завладеа и само искрите и пламенот во огништето се разигруваат и ту ги лулаат, ту ги издолжуваат и скратуваат сенките раздвижени на ѕидот...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Во оџакот одново се разигрува пламенот, баба ја остава фурката и стана.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)