различно (прил.)

Народните идеали, или долгот кон татковината, се разбираат од разни членови на народот различно.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Државите различно гледаат на прашањето, а тоа разногласје пречи за еднодушен притисок врз Портата.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
За да може да се направи порамнување и оценување на различно разбраните народни идеали, треба тие да бидат искажани усно или на книга.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Секој различно осветлен прозорец раскажуваше подруга приказна, подруга тајна откриваше.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Пјештани тонеше во магла и така, во вакви дни, вели Вангел Поповски, ракводител на Бетон на градилиштето на Купелни Остров, градот се преоблекува во поинакво руво, различно од тоа кога грее сонце и кога нема магла.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
- Сите пилишта личат на пилишта, вели Јон, сите пилишта се пилишта, вели иако различно се викаат, вели и ја крева мотиката, тргнува нов ред да забере. Јас одам по него.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Во критиката неговиот свет беше толкуван досега различно.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Сто пати да го повторам, сто пати различно ќе го кажам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Секој различно памети, велам, и секој одбира што памети. 8.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
да не испадне нашиот брак реакционерен, велам, ние и така сме прогласени за реакционери, вели Макаровски, и само ги врти граорестите очи покрај стрмниот нос, му потпукнува некое старо пламенче во нив, му пламти, а тој само оди, тумара, поднаведнат од својата височина, оди на едно исто место, а секогаш различно под него,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Или: жените имаат иста клавијатура, само на секоја различно се свири.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ние различно ги толкувавме пораките што ни ги пренесуваше таа од татковата работна соба.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Шефот сигурно сакаше да ја сподели дозата страв со третиот член, продолжи: – Името Сталинка на козата може различно да се толкува.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тоа не е само миротворно лице туку е и лице на соживот, на блискост, на почитување на другиот, на пријателствата меѓу луѓето од различно етничко потекло.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Дали сето ова звучи грозно или едноставно различно, зависи од личното чувство за вредности и приоритети на читателот.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Дури и Дивата забава е нешто сосема различно, за тоа сум потполно свесен.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Секој од нас ова го чита на различен начин, па така и различно му значи на секој од нас.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Убеден сум дека Бојс покажува дека само низ уметноста може да проговори тишината на ништавилото и сѐ што егзистира а е различно од човекот, природата и животните.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во тој случај, ако Бојс бил, како што вели печатот, „контроверзен уметник“, тешко е да се замисли дека тој сѐ уште може да биде контроверзен со една изложба која вешто го стопува она што е различно, а суптилно го брише она што дава место за дискусија. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 83
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сигурен сум дека таа ќе има различно значење таму, пред луѓето што го проживеале тој материјал, за разлика од западната публика за којашто тој веројатно во основа е егзотичен.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Повеќе