разорно (прил.)
За разлика од некои современи режисери кои сопствената позиција на алтернативни творци ја оправдуваат со своето уживачко и разорно впуштање во општите феномени и изразите од општествените маргини, Гринавеј му е посветен на потиснатото дејство на моќта на сликата и приказната од баштината на западната европска култура.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Настанатата ситуација по донесувањето на Мухаремскиот декрет, кога европскиот капитал започнал да игра доминантна улога во стопанството, се одразила разорно и врз развитокот на народното стопанство во Македонија.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Одтогаш маката македонска се зголемила... Предавството македонско разорно било!
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)