ралник (м.)
- Оваа работа, ќе бара нова работа, вели Мирче. - Ќе бара, велам јас, ќе бара да се клепа ралникот, ќе бара орање, сеење и влачење...
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Кожата на лицето и снагата му беше ишарана со пишанки, бенки, та Богуле често се слекуваше пред огледало да ги гледа, зашто (онака како што му беа групирани по градите) му личеа на соѕвездијата: бик, овен, голема и мала мечка, ралник, пирустија, стрелец и други соѕвездија што ги учеше во училиште.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Го стави ралникот во браздата, остро подвикнувајќи му на магаренцето: „Буррр-о!“
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)