рамо ср.
рам м.

рамо (ср.)

Од двете оружја се слушна пукање, и сетне два куршума со пискот зол излетаа, барајќи месо: едниот го сретна, и Кузман сети силен бол во рамото, кај одлево клучницата со зглобот лопатниот го крепи дел; а другиот во правта закачи, свирејќи злобно но без да сретне жива цел.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Но, на рамо вие го носевте сина ми довде, голем пат вие сте прошле . . .
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Али нему ја не можех душа да му дадам, станах, каних два-три попа, збраха сја роднини, дојдоха и познајници, врстници- момчета, кренаха го на носила, носат го на рамо; и на гробиштата тамо поп молитва пеја, па го од носила зеха, пуштиха го в гробот...
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Ако е така, ќе приговори бугарската партија од Македонци, тогаш што означува црковното прашање, во кое Бугарите и Македонците одеа рамо за рамо и последниве се викаа и работеа со името Бугари?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
142. Постојаната борба рамо за рамо со Бугарите ги направи нив еден народ со бугарско име, но со словенски јазик.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А сега одиш да се бориш рамо до рамо со тие твои другари и за тој наивен народ!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
МАРА: Земи ја ризата, стави му ја и речи му со здравје да си оди. (Ката ја зема ризата и му ја става околу вратот и ја спушта главата на неговото рамо, плаче).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
МИТРЕ: (бришејќи си ги очите). Ашколсум бре, синко, ако биде вака како што велиш, сево село ќе ни завидува. (Го чука по рамото).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
ПАНДЕ: (зема една низалка со пиперки и ја става во торбата, а потоа ја става на рамото и го зема куферот).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Со мотика на рамо за корка сува леб, по патиштата стрмни, по полињата рамни, у вивналиов ден - да тргнеме и ние страдалници од век!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Да го видиш во оние алишта дебарски само со гајтани, ќостег од срма до рамото, нож и пиштол од сребро, а саат од злато, појас свилен, па на него шамивче свилено пред себе.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Беличот се наведе и си ги собу чевлите, ги врза една со друга па ги префрли преку рамо; Мече сандалите си ги спика в џеб.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Пушка на рамо нож во раката – кај партизани право в гората.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Тој ми префрли рака преку рамо и со несигурен чекор појде по улицата.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Кузман ми ја спушти тешката рака на рамо и шепна: - А ти знаеш ли? - Не. Што? - Колат рисјанчиња.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тапан, а? Сакав да се оттргнам од тешката рака што ми висеше преку рамо и да побегнам. Не можев; нозете ми беа фатени.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Попот го остави сандачето и ѝ ги даде на Бисера клучевите од куќата, и торбата на рамо — се загна горе Жиовски дол, со надеж дека ќе ги втаса општинските управници.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Го примнаа во пансионот и уште истата вечер со покривчето на рамо се пресели од Жиовчеви во Влашкиот ан. Му олесни на душичката.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Таман се прибираа орачите и дрварите, и тој, со торбичката на рамо, со ластегарката под мишка, влезе в село на мракот. Ha дедот Петка не му беше ова прво одење во Рожден.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Необичната врева што настана го разбуди малиот Мартина исто како кога замислено одите некаде, а некој одеднаш ве тупне по рамото одзади.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Повеќе